📅 Кога? Понеделник, 25 ноември 
🕗 Време? 18:00 часот
📍 Локација? Занаетчиски дом –  Куманово 
🎫 Влез? Бесплатен

„Бели Мугри” е меѓу првите стихозбирки напишани на македонски јазик, составена е од 12 песни, од кои 2 се циклуси (со по 6 и 7 песни). Испечатена е во Самобор, во близина на Загреб во 1939 година. При објавувањето на збирката, Коста Солев го користи псевдонимот „К. Рацин”, пред сѐ поради политички причини, но и поради љубовта кон Раца за којашто пишувал со крв. Песните се социјални, алудирајќи на отуѓеноста, експлоатацијата и страданијата на работникот. Од друга страна, самиот наслов укажува на поборноста и револуционерноста на Рацин кој низ мачнината на стиховите вдахнува надеж за посветли утра. Оваа збирка, како начело и парадигма, ја претставува македонската суштина, историја и култура.

Ги покануваме сите љубители на пишаниот збор и би ни било чест доколку присуствувате на нашиот настан.

Проследете го настанот на следниот Линк: https://www.facebook.com/share/1WoE1Hrzta