Салон Империјал 1
26 јули 2023, 21 часот
Диме Темков е роден 1971 година во Скопје. Во 1990 година го завршил Средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ – отсек графика, а потоа студирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, кај проф. Димче Николов, каде што дипломирал во мај 1995 година. Во септември истата година се запишал на постдипломски студии по графика на Академијата за ликовни уметности во Љубљана, кај проф. Лојзе Логар. Живее и работи во Љубљана. Имал повеќе од 50 самостојни изложби.
Организирал 20 меѓународни ликовни колонии. Од 2011 година е член на Ротари клубот Логатец. Од 2012-2014 година го основал и раководел културниот центар „Простор“ во Љубљана. Во 2014 година го основал и раководел со македонскиот микрокултурен центар „Галерија МКД“ во Љубљана. Во 2016 година го основал Институтот „Преображение“. Од 2020-2022 година соработувал во комитетот за етика и култура при „Ротари Дистрикт 1912“ за Словенија и Македонија.
Изложбата ќе биде отворена до 15.08.2023 година.