На почетокот на војната имаше 22 здравствени домови во Газа, но за само два месеци, израелската окупација уништи најголем дел од нив и преостанати се само седум. Лекарите и акушерите даваат сѐ од себе за да обезбедат грижа за новородените бебиња и бремените жени со висок ризик во овие седум преостанати оперативни здравствени центри на агенцијата на Обединетите нации.
Повеќе од 180 деца се раѓаат секој ден во Палестина. Властите во Газа известуваат дека повеќе од 6.000 деца се убиени од израелските напади.
Условите за цивилите на окупираната територија стануваат се потешки, резервите на хуманитарна помош се екстремно ограничени, а луѓето се принудени да кампуваат во импровизирани шатори на отворено. Временските услови се влошуваат, а Израел продолжува со напади.
Според ОН, повеќе од 1,9 милиони луѓе во Појасот Газа се внатрешно раселени, што изнесува околу 85 отсто од неговото население. Многумина се засолнети во преполните објекти на ОН. Уништувањето на здравствениот систем во Газа претставуваат воени злосторства врз палестинските цивили извршени од страна на безбедносните сили на Израел.
Левица, осудувајќи ги политиките на апартхејт од страна на израелските окупациони сили, пред Собранието на Република Македонија поднесе Предлог-декларација за солидарност со палестинскиот народ и осуда на израелската окупација.
По иницијатива на Левица, во советите на општините каде имаме советници, беше иницирано испраќање на хуманитарна помош (финансиски средства) за настраданите цивилни жртви, жени и деца во Појасот Газа. – Се вели во соопштението на АФЖ – Левица