Пет месеци пред одржувањето на парламентарните и претседателските избори владеачката гарнитура на криминогени картел партии – СДС и ДУИ продолжуваат со вработувањата на партиската војска во државните институции, со цел да го ублажат убедливиот пораз што ги очекува.

Имено, за Министерството на Артан Груби, Политички систем и односи помеѓу заедниците граѓаните ниту знаат кои се вработени ниту пак што работат партиските послушници вработени во ова Министерство кои живеат од нивните пари. На поднесеното барање за информација од јавен карактер од Левица за тоа кои се вработените во ова министерство не добивме никаков одговор.

Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците предизборно ќе вработува 15 административци, се разбира согласно етничкиот балансер од катастрофалниот Охридски рамковен договор, под етнички клуч. Работните места се отворени на еден месец пред изгласување на техничката влада, кога и нема да може да има нови вработувања во администрацијата.

Ја потсетуваме јавноста дека Левица се залага за поништување на нелегалниот Охридски рамковен договор, укинување на позитивната дискриминација при вработувањата во јавниот сектор и воведување на т.н социјална позитивна дискриминација во која предност на огласите ќе имаат сиромашните, децата без родители, децата од социјално загрозени семејства и сл.-Се вели во соопштението на политичката партија Левица.