Аналитичарот и новинар Али Велши во неговото телевисико шоу „Велши на MSNBC“ во емисија пред две години има направено толку прецизна анализа на ситуацијата помеѓу Израел и Палестина.
„Израел има право да постои и да се брани. Тоа е факт. Истото важи и за Палестинците – се чини дека таа точка е пропуштена. Палестинците се, во најдобар случај, граѓани од трета класа во нацијата од која се родени.
Израелската влада, континуирано, прогласува дека парцелите земјиште на кои живеат Палестинците се или од воено или археолошко значење, што предизвикува жителите да бидат иселени.
Понекогаш има судски спор и речиси секогаш Палестинците губат. Сепак, месеци или недели подоцна, истата таа „важна“ земја одеднаш станува дом на сосема нова израелска населба. Како што се повеќе и повеќе еврејски доселеници ја заземаат земјата на која живееле Арапите, окупираниот Западен Брег де факто станува поизраелски и, според експлицитните надежи на израелската влада, повеќе еврејски.
Ова е долгогодишен и намерен обид да се принудат Арапите – кои живеат во таа земја понекогаш стотици години – да излезат. Тоа е обид да се разблажи нивното присуство, бидејќи да се има Арапи како целосни учесници, според мислењето на израелската влада и судовите, го разводнува Израел“ – Вели Али Велши во својата анализа.