Црвена Младина – единствениот политички европски претставник на форум во Кина

Во градот Куфу, во Народна Република Кина, се одржува деветтиот Нишан форум за светски цивилизации, каде што Црвена Младина, младинска организација од Република Македонија, го претставува единствениот политички глас од Европа.

На овој престижен форум, кој се одржува во родното место на древниот кинески филозоф Конфуциј, се сретнаа претставници од младински организации од целиот свет. Главната цел на форумот е да се обезбеди платформа за научници и експерти од областа на културните студии, кои од разни аспекти ќе ги истражуваат и обележуваат културните разлики и заедничките вредности на различни култури и цивилизации.

Црвена Младина беше дел од младинскиот форум на овој голем настан и учествуваше во дискусијата на темата “Светската младина работи заедно за промовирање на заедничките вредности на човештвото.” Во своето обраќање, Марио Јанески, лидерот на Црвена Младина, истакна авангардната улога која младите луѓе ширум светот ја играат во обликувањето на еден праведен мултиполарен свет.

Освен претставниците од Република Македонија, на форумот учествуваа и млади студенти и претставници од Народна Република Кина, Куба, Египет, Русија, Иран, Пакистан и Индонезија. Овие млади умови разменија идеи и искуства, со цел да создадат погодни услови за заеднички напори во областа на културните студии и меѓукултурниот дијалог.

Освен младинскиот дел на форумот, се одржаа и многу дискусии и предавања на сите аспекти на политичкиот, културниот и општествениот живот. Високи политички претставници истакнаа значењето на меѓународната соработка и меѓукултурниот дијалог за мир и стабилност во светот. На форумот присуствуваа и истакнати политичари од држави од Глобалниот Југ, како и од Народна Република Кина, што го нагласи значењето на овој глобален настан за обмен на идеи и искуства.

Последно