На денешен ден Кичево стана првиот ослободен град во Македонија од фашистичкиот окупатор

Соопштение на Левица – ЛО Кичево

По повод 11 Септември, Денот на ослободување на Кичево, претставник на ЛО Левица Кичево положи свежо цвеќе во Спомен костурницата Кале.

На денешен ден, 11 Септември, по капитулацијата на Италија, во Втората светска војна, партизанските единици по жестоки борби, го ослободуваат градот Кичево.Со тоа Кичево стана ПРВИОТ ОСЛОБОДЕН град во Македонија. Во градот била формирана народна власт , каде за прв пат на дело се почувствувала заедничка слобода.

Во одбрана на единствената слободна територија, загинале триесетина момчиња, а на чело на партизанската единица стоел народниот херој Мирко Милески, кој својот живот и го подари на неговата татковина Македонија на само 20 години.
Ова е првото ослободување на Кичево кое во наредните месеци уште неколку пати ќе биде окупирано и ослободувано.

Кичево живееше слободно вкупно 20 дена, а во период од една година вкупно шест пати бил ослободуван и со тоа е и најмногу пати ослободуван град во Македонија

Интересен е податокот што на балистичките водачи им била простена соработката со германските и италијанските фашисти и дури им биле доверени некои задачи. Но, лојалноста на овие единици била многу кратка…За помалку од еден месец четата на Мирко Милески, била предадена и изневерена од страна на балистите, партизаните се повлекуваат кон Копачка, а Кичево е повторно окупиран.

Во времето на НОВ за петте ослободувања на градот и регионот, своите животи ги положиле 555 борци, чии коски почиваат во криптата на спомен костурницата на Китиното Кале каде денес приложуваме свежо цвеќе во нивна чест.

Денес, локалната власт на градот под раководство на ДУИ , го смета Кичево за воен плен од војната во 2001. Се прекршуваат закони, се поставуваат знамиња на туѓи држави, секојдневно низ градот низ примери може да се види отворениот иредентизам и национализам на градоначалникот.

Сепак, борбата за слобода и подобар живот никогаш не престанува. Им го должиме тоа на нашите предци и на нашите идни поколенија.

Еднаш победивме фашисти, ќе победиме пак.

Последно