Јанчев: Заевизмот го спасува Груевизмот

Пишува: Саше Јанчев, советник во општина Гевгелија и член на ЦК на Левица

СДС нели се “бореа” против Грујо и екипа? Нели се бореа против груевизмот?

Левица знаеше дека Грујо мора да падне, а Заев не смее да дојде. Дека ако тоа се случи од груевизам ќе влеземе во заевизам и затоа, меѓудругото, реши на изборите во 2016 сама да оди на избори, ко нова опција.

Тогаш СДС заедно со шутите и рогатите од шарена револуција, кои се шитнаа на Заев и се најдоа на листите на СДС, водеа кампања против Левица. Викаа Левица го ситни отпорот (обработуваме за Грујо).

И Грујо на тие избори падна. Арно ама дојде Заев. И од ДПМНЕ викаа, а и уште викаат дека Левица е крива. Левица одработила за Заев и го донела на власт. Тоа што 2016 Левица самостојно учествуваше на избори и што нашите гласови не сменија ништо во бројот на пратеници на ДПМНЕ и СДС не им одговара да го видат и не сакаат да го видат.

И оп, космичка правда. Сега тоа исто СДС во отворена соработка со Грујо. Сега СДС го спасува Грујо. Не Левица, ами СДС го спасува Грујо и груевизмот.

Со измените на Кривичен, СДС директно ги амнестираат Груевски, Јанушев, Јанакиески, Мијалков, Милошоски и Димовски.

Што ќе кажат сега сите од СДС и шутите и рогатите кои викаа дека го ситнеме отпорот? Што ќе кажат сега оние од ДПМНЕ кои викаат дека Левица го донела Заев на власт?

Заевизмот го спасува груевизмот, а за тоа Левица е крива?

Или можеби ќе се разбудат и ќе видат дека во цела оваа фарса само Левица е константно во борба со груевизмот, неговата апдејтирана верзија, заевизмот, и сега тачизмот.

Ак не се разбудат и сеа, останува уште Грујо да испорача 8 гласа за Бугари во Уставот и тогаш со сигурност ќе се разбудат. А може и вечно да спијат.

Грујо и ДПМНЕ не се далеку. Тројца од амнестираните се актуелни пратеници на ДПМНЕ. Уште пет му фалат на Грујо да ја заврши работата. А еден од нив, Јанушев, на 30 јуни беше на гости во америчка амбасада.

Последно