Соопштение на политичката партија Левица
Деновиве, Министерството за надворешни работи склучи тендер во износ од неверојатни пет милиони евра, со компанијата „ЕУРОВИА” од Желино, каде спортскиот комплекс „Борис Трајковски” ќе се пренамени за потребите на ОБСЕ.
Компанијата „Еуровиа” е во сопственост на Елмедин АДЕМИ, кој е внук на поранешниот министер од ДУИ, Абдулаќим Адеми. Претходно, „Еуровиа” го доби тендерот за изградба на полициската станица во Аеродром, како и тендерот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот „Мајка Тереза”.
На закупците и спортските клубови од страна на раководството на СЦ „Борис Трајковски” им е кажано дека нема да можат да ги користат просториите во спортскиот комплекс, бидејќи истите ќе бидат користени од страна на ОБСЕ повеќе од два месеци. СДСМ и ДУИ со ваквите погубни политики, уште еднаш покажаа кој го уништува спортот во Македонија.
Османи, покрај тоа што ќе угостува челници на ОБСЕ, за што ќе потроши државни пари за конференцијата, тој воедно ги остава на цедило и закупците во Спортскиот центар, без притоа да се погрижи за нивното работење и на истите да им надомести за штетата што ќе им ја предизвика!
Бидејќи СЦ Борис Трајковски е државен спортски центар, ја повикуваме Владата да одговори на јавноста, која е оправданоста единствениот спортски центар да им се одземе на спортистите и притоа да не се надомести за штетата, ниту на спортистите, а ниту пак на закупците кои ги користат просториите.
Јасно е дека се работи за уште една КРИМИНАЛНА зделка на раководството на ДУИ, кои продолжуваат да го цедат државниот буџет за богатење на компании блиски до нив! Додека челниците на ДУИ не подложат на КРИВИЧЕН прогон за длабоката корупција во која се навлезени, европската интеграција за Македонија ќе биде недостижна во блиска иднина.