Симонов: Ковачевски ги погази и Илинден и АСНОМ

Пишува: Александар Симонов, Кооринаторот на Сектор за надворешна политика на политичката партија Левица и советник во општина Свети Николе

Какво себегазење и себеуништување па тоа е страшно – ЕУтаназија!!!

Па не сме биле ни држава до 45′-та како што викаат нашите добри соседи. Денес премиерот Ковачевски отиде малце понапред во историскиот ревизионизам! – Ликот ладно на прес-конференција со стратешкиот партнер изјави дека „НИЕ СМЕ ДРЖАВА КОЈА ПРОИЗЛЕЗЕ ОД ВОЕНИОТ ВИОР ВО ЈУГОСЛАВИЈА ВО ДЕВЕДЕСЕТТИТЕ ГОДИНИ!“ – Цитирам

„Од држава која произлезе од воениот виор на Југославија во деведесеттите години: држава без своја валута, држава без државни резерви, држава без надворешна политика, држава со институции коишто практично не постојат – денес сме држава која е фактор на стабилност на Балканот.

Па дали овој остроумен бисер на „Харвардската школа“ има малку свест за тоа што изјави? Ниту Илинден, ниту АСНОМ, ниту Македонија, ниту било што – „Братот“ – све ќе „спичка“ за троа грошови од ЕУ фондовите. Ама без гајле, држате се идеме евРопски!

https://www.facebook.com/aleksandar.simonov.39/posts/pfbid0YevQ1gjF3WdxfgtjNWTEsy1xjhtUg34breEvSRLsfuLJjdeSXLgG4EAv6Gn8TuJKl
Последно