Реакција на трудовиот сектор при политичката партија Левица
Претседателот на еден од синдикатите во железница, Тони Димовски, го прекина штрајкот откако прифатил еднократен надомест за вработените. Спротивно на волјата на вработените, кои излегоа на штрајк за поголеми плати и други надоместоци, Тони Димовски прифатил да им се исплатат еднократно 15.000 денари, како утешна награда за да прекине штрајкот.
Никој не го овласти овој претседател да се „пазари” со раководниот кадар на ваков начин и кога се бара зголемување на плата, поради зголемени трошоци, да прифати еднократна помош за да го „задуши” штрајкот. Дотолку повеќе што, Димовски прифатил овој надомест да се исплати само на повозрасните машиновозачи, а не на сите. Со тоа се врши директна дискриминација на останатите работници.
Левица прашува по кој основ се исплаќа еднократен надомест на дел од вработените?
Дали во конкретниот случај директорот на Македонски Железници сторил повреда на службената положба со ваквиот начин на постапување?