Реакција на секторот политичка економија при политичката партија Левица
Веќе неколку месеци трае конфликтот помеѓу жителите на кумановско Слупчане и екипите на ЕВН, каде што жителите не дозволуваат екипите на ЕВН да ги извршуваат своите работни активности.
Имено, жителите на ова кумановско село излегоа со низа барања поставени кон ЕВН меѓу кои вклучуваат: да бидат простени сите досегашни долгови, бесплатни приклучоци, верските објекти да не плаќаат за потрошената електрична енергија, секое
семејство да плаќа максимум 3.000 денари месечно без разлика колку троши и слично.
Овие барања, покрај тоа што се неразумни, исто така и ја поткопуваат унитарноста на Република Македонија. Односно ако владата предводена од СДС/ДУИ воопшто размислува за овие услови на жителите на Слупчане, тоа претставува огромен показател дека веќе не сме унитарна држава и дека Македонија нема владение над цела територија. Логично се поставуваат две прашања:
ЗОШТО ЕВН ДО СЕГА ДОЗВОЛИЛА:
ВО СЕЛАТА населени со албанци како СЛУПЧАНЕ, АРАЧИНОВО, СТУДЕНИЧАНИ и други, СО ГОДИНИ ДА СЕ НАТРУПУВААТ ДОЛГОВИ ЗА НЕ НАПЛАТЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА?
ДАЛИ ЕВН НЕНАПЛАРЕНАРА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЈА ПРИКАЖУВА КАКО ЗАГУБА ПРИ ПРИЈАВУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА СВОЕТО РАБОТЕЊЕ ДО РКЕ, КОГА БАРА ПОСКАПУВАЊЕ НА ЦЕНАТА на СТРУЈАТА?
МВР, заедно со министрите на ДУИ, не треба да преговара со оние кои ја крадат електричната енергија, туку треба да овозможи владеење на правната држава на целата територијана Република Македонија.
Продажбата на електродистрибутивниот систем на државата од страна на владата на СДСМ (или попознато како „бонбона бизнис“) во минатото се правдаше со изговор дека државата не може да наплати, додека австриските газди можат.
Поради очигледниот факт дека австриските газди не можат да наплатат во истите региони за каде се велеше дека државата не може да наплати, НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ЕЛЕКТРО ДИСТРИБУТИВНАТА МРЕЖА e првата мерка кон системско решавање на овие наталожени проблеми. Снабдувањето со електрична енергија е стратешка гранка во секоја држава, и како во европските земји, таа мора да биде под директна контрола на државата. Бранот на приватизација, кој го започна СДС, а го продолжи ДПМНЕ, најмногу удри по џебот на обичните граѓани, додека австриските газди нижат милионски профити на своето конто.