Трите најголеми банки оствариле профит над 122 милиони евра во првите шест месеци

Трите најголеми банки оствариле над 122 милиони евра приходи од камати и добивка над 85 милиони евра во првите шест месеци од 2023 година – Ова го соопшти Јулијана Штрковска Колариќ – Координатор на Левица – Сектор финансии:

Само за половина година, Комерцијална банка А.Д. Скопје, Стопанска банка А.Д. Скопје и НЛБ банка А.Д. Скопје остварија над 122 милиони евра приходи од камати, 47,72 милиони евра приходи од провизии и надоместоци и добивка пред оданочување во износ од 85,89 милиони евра.

Највисоки приходи од камати оствари Стопанска банка, од провизии и надоместоци НЛБ банка, а највисока добивка реализира Комерцијална банка во износ од 32,57 милиони евра, која е повисока од претходната година за 77,7%.

Имајќи предвид дека учеството на странскиот капитал е огромно, некаде над 80%, профитите стекнати од депозитите и кредитите на домашното население, ќе легнат на сметка на странските инвеститори, кои што своите лесно заработени дивиденди и други приходи ги трошат надвор од Македонија.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid0314aXtbA6y5yWTHv7QS3tYLCwvAFEgXaTfhfLAA6nabwjXfUywmtnYvqsT6XrAMcZl&id=100073956871821
Последно