Реакција на ЛО Центар при политичката партија Левица
Денес во советот на општина Центар беше на Дневен ред точка за ДУП-Стара железничка станица во која беше произнесено дека: Објектите Кам и Рамстор ќе добијат надградба на постојните објекти?!
Првичниот план на овој ДУП беше да се решат проблемите за домување на граѓаните на ул.Јордан Мијалков, но како и секогаш кога се работи за бизнис интереси овие партии се договараат на нивни познат начин и принцип.
Па така овој пат решија шизички на сметка на маката на одредени жители на други “обесправени” да им дозволат да направат нов бетонски ѕид, кој не само што ќе го ограничи нормалното движење туку и ќе го сопре нормалниот проток на воздух.
Советничката група на Левица гласаше воздржано по овој предлог, бидејќи проблемите на жителите од улица Јордан Мијалков заслужуваат соодветно решение но не на сметка на задоволување на алчните интереси на урбаната мафија.
Сложните браќа ДПМНЕ и СДС секогаш кога се работи за нивните интереси одат заедно рака под рака и без проблем подигнаа рака да гласаат за како што е и овој случај во Центар…но Левица е секогаш тука да им ги разобличи намерите!