Апасиев: Ако заобиколувањето на парламентот за „Скопје 2014“ е криминал тогаш криминал е и споменикот на УЧК во Липково

Фејзбук статус на претседателот на Левица, Проф. д-р Димитар Апасиев

Го слушав денес обвинителот Лапе. Зборуваше за “Скопје 2014”. Меѓудругото, дел од описот на кривичните дела беше и тоа дека било заобиколено Собранието на РМ – бидејќи наместо парламентот, одлука за спомениците донел Советот на Општина Центар!

Еурека!

Како поранешен советник на СЈО, а сегашен пратеник не можам, а да не искоментирам стручно… Ајде сега, колега обвинител, по истата оваа воспоставена добра пракса, уште вечерва да ги приведете и притворите и Градоначалникот и претседателот на Советот на Општина ЛИПКОВО, кои дигнаа огромен бетонски споменик на УЧК, исто така заобиколувајќи го Собранието!

https://www.facebook.com/ApasievLevica/posts/pfbid0T5JRSFPmqMGSDzabMYWazD76qp8CKf31kXC5rVUPfKnnzFTdPoCav5CrZQwqf8wTl
Последно