Екс премиерот на Фрнација, Франсоа Фијон: Ако сакам ќе продавам рилети на Црвениот плоштад!

Поранешниот премиер на Франција, Франсоа Фијон, по сомневање за наводни „врски“ со Русија, некаде во мај оваа година, беше повикан на сослушување пред Истражната комисија за политичко, економско и финансиско мешање во Франција од страна на странски сили.

Ваквите обвинувања против Фијон, највероватно се покренати поради неговото членство во одборите на директори на руските енергетски компании. Но и покрај тоа конфликтот во Украина Фијон го принуди да поднесе оставка од овие позиции на 24 февруари 2022 година, сепак, тој како одговор на овие наводи, едноставно на комисијата и вели дека тој може да прави што сака со приватниот живот. „Ја водам мојата професионална кариера како што ми одговара; Ако сакам да продавам рилети на Црвениот плоштад, ќе продавам рилети на Црвениот плоштад“, тврди Фијон.

Но она што е уште поинтересно, е тоа што, за време на истото сослушување, Фијон рече дека најголемиот број стррански мешања со кои тој лично се соочил доаѓале од „пријателска и сојузничка земја наречена Соединетите држави“.

Тој додаде дека за време на неговиот мандат како премиер од 2007-2012 година, тој и поранешниот претседател Никола Саркози биле шпионирани од американската Агенција за национална безбедност.

Француското Министерство за надворешни работи сеуште молчи за овие обвинувања за мешање на САД во политичкиот систем на земјата. На прес-конференција, портпаролката на Министерството за надворешни работи Ен-Клер Лежандре одби да ги коментира наводите на поранешниот премиер Франсоа Фијон на оваа тема.

Министерството за надворешни работи „нема коментари или забелешки за тоа прашање“, рече Лежандре како одговор на прашање на дописникот на Анадолу на оваа тема.

Да се потсетиме Џулиан Асанж, кој објави дека американската Национална безбедносна агенција (НСА) пресретнувала телефонски разговори на поранешните шефови на Петта Републиката, Жак Ширак и Никола Саркози.

Скандалот со прислишкување на САД, одекна и во Германија. Имено, САД ги прислушкувале телефоните на 35 светски лидери, објави британскиот весник Гардијан, повикувајќи се на документи од 2006 година кои беа обелоденети од поранешниот соработник на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден.

Последно