Дали дел од оружјето кое САД го даде на Украина заврши во рацете на мексикански криминален картел?

Мексиканските медиуми јавуваат дека во рацете на мексиканскиот Заливски картел во Тамаулипас е забележан противтенковски ракетен фрлач Javelin, од кои неодамна илјадници беа испратени во Украина токму од САД.

Материјалот е снимен во Матаморос во понеделникот а е емитуван во вторникот вечерта од информативниот канал Миленио, каде што се забележува човек со лепенки како ознаги ЦДГ, кои се ознаки на озогласениот Залифски картел, вооружен со пушка калашников и проектил за кој велат дека е FGM-148 направен од Рејтеон, САД.

Над 10.000 копје од залихите на Пентагон беа испратени во Украина од февруари минатата година, до моментот кога на американската војска почна да и снемува ракети.

Водителката на мексиканскиот медиум, Азуцена Урести (Azucena Uresti), на својот Твитер профил забележува дека проценетата вредност на фрлачот Javelin на црниот пазар е од 20.000 до 60.000 долари, додека просечната цена на проектил е околу 30.000 долари.

Последно