Извадок од архив на КП БИХ, Сараево, почеток на 1945 год.


… Полковник Зервас директно се поврза со Дража Михајловик против нашата и грчката НОВ. Тоа е факт што ниту еден искрен родољуб не треба да го заборави. Тоа нам ни ги покажува врските кои ги обединува меѓународната реакција. Тоа ни фрла јасна светлина на сегашните настани и политичките тенденции не само во Грција, не само кај нас туку и во сите европски земји од каде што е неодамна протеран или е на пат да биде протеран германскиот окупатор. Зарем еден грст реакционери во Грција би се осмелиле така отворено да ги нападнат демократските придобивки на народот, ако зад себе не ја имаат поддршката на меѓународната реакција, чиј печат прикажувајќи ја денешната ситуација во Грција, грчката НОВ дрско ја нарекува “приватна” и “бунтовничка” и бара таа да го положи оружјето? Зарем настојувањето на грчките бегалци, кои најдоа свој израз во политиката на Папандреу, не се исти како и оние од кои се раководи белгискиот претседател на владата Пјерло, некои политички кругови во Франција или во ослободениот дел од Италија?


Настаните во Грција претставуваат нов силен доказ дека меѓународната реакција во одделни земји води политика која во себе крие опасност од граѓанска војна. Втората опасност на која не опоменува политиката на Папандреу во Грција, реакционерите и замаскираните фашисти во Италија, господата Сосновски и Андерса во редовите на полската емиграција и т.н., се обидите на внесување на несогласувања и кавги меѓу своите народи со соседите преку поставувањето империјалистички барања, како што се барањата на Папандреу спрема Македонија и италијанските реакционери спрема нашата Истра и нашето Словенечко Приморје. Третата опасност се состои во тоа што агентите на меѓународната реакција, со интриги и провокации се обидуваат да внесат збрка во односите на трите големи држави на анти-германската коалиција. Кому тоа може да му служи, покажуваат и нивните политички прикривања на колаборационистите и зголемува њето на квислингшките сили во оваа служба.


Држењето на вистинските грчки родољуби нам ни дава пример, на кој треба да се угледаат сите демократски сили на европските земји, кои воделе и сè уште водат борба за ослободување и независност. Борбата на ЕАМ и на ЕЛАС е единствениот пат кој ќе ги спречи реакционерите да го попречат развојот на повисоките форми на Демократијата, која народите ја создадоа во текот на народноослободителната војна. Без тие форми, по војната не е можно на народите на Европа да им се обезбеди слободен развој и цврст и траен мир.


Затоа на народите на нашата земја, кои се длабоко заинтересирани за мир и братство меѓу балканските народи, го поздравуваат отпорот на грчкиот народ под раководството на ЕАМ, храбро ги поздравуваат борците на ЕЛАС, кои сега во оваа земја ја бранат вистинската народна демократија.