Движење за социјална правда
- CentarZaPE
- Crvena Akcija
- Crvena Kritika
- CrvenaInicijativa
- Demokraticni Socializem
- European LEFT
- JacobinMag
- Libcom
- MarksistTutum
- Marxist
- MonthlyReview
- Novi Levi
- Novi Plamen
- PartijaRada
- Pobuna!
- RadnickaBorba
- Rosa Luxemburg Foundation
- Siriza
- Sosyalistalternatif
- Združena levica
- Левичарско Движење "Солидарност"
- Марксистичка интернет архива
- Нова Искра
- Слобода
- Слободен Индекс
- ССНМ
2014

ЛЕВ ФЕМИНИЗАМ
ЛЕВ ФЕМИНИЗАМ1
Работничкиот интернационален крик беше „работниците немаат таковина“, односно помеѓу поединецот и човештвото не стојат националните граници туку капиталот. Ова секојдневно се потврдува, особнено, во денешнава ера на глобализирање на капитализмот. Па доследноста до марксистичкиот метод, тоест, историско_материјалистичкиот поглед на стварноста, не упатува да нешто слично кажеме и во насока на обесправеноста на женскиот пол во ова патријархално опкружување. Имено, тоа би било дека на патот кон еманципацијата на жената пред се стои нејзината материјална беда и несигурност одколку било каков правен акт.
2014

MUJERES LIBRES: Женското анархистичко движење во текот на Шпанската граѓанска војна
Mujeres Libres (слободни жени) била група на жени, анархистки кои во текот на Шпанската граѓанска војна се организирале и се бореле како за женското ослободување така и за анархистичка револуција. Она што го постигнаа беше навистина инспиративно. Од нивниот пример се гледа како може борбата против потчинетоста на жените и борбата против капитализмот да се спои во една борба за слобода.
2014

Вториот бран на феминизмот и „новиот дух на капитализмот“-Ненси Фреjзер
Интересно е да се запази дека вториот бран на феминизмот цвета во нови услови. Она што започна како радикално контракултурно движење сега е на пат да стане широка, масовна општествена појава. Привлекувајќи приврзаници од сите класи, ентицитети, нациналности и политички идеологии, идеите за феминизам си пронајдоа свој пат до секој агол на општественото живеење и го променија своето разбирање на оние со кои доаѓаа во допир. Резултат на ова, не беше чистото проширување на активистичките редови, туку и преобликување на здраворазумското сфаќање на семејството, трудот и достоинството.
2014

Трагедијата на женската еманципацијa – Ема Голдман
1906.
Почнувам со признание: без оглед на сите политички и економски теории, кои се занимаваат со основните разлики меѓу различните групи на човековиот род, без оглед на класната и расната разлика, без оглед на сите вештачки граници помеѓу женските и машките права, сметам дека тие разликувања би можеле да се сретнат во една точка и да прераснат во една совршена целина.
Под тоа не подразбирам предложување на мировен договор. Општиот општествен антагонизам кој денес го зафати целиот јавен живот, создаден од силата на спротивставените и противречни интереси, ќе се распарча на делчиња кога преустројувањето на нашиот општествен живот, заснован на принципите на економска правда, ќе стане реалност.
повеќе…
2014

Каде започнува револуцијата-очајно потребна?
Некогаш, кога жолтите луѓе биле од друга планета, светот бил поделен на бели и црни луѓе. Белите биле поделени на класи, а сите тие биле поделени на мажи и жени. И тогаш, при крајот на 19 век, белите жени од средната класа решиле да пушат цигари на улиците. Решиле да работат за машка плата. Решиле да се решат од сексизмот. Ги стиснале тупаниците и решиле да се борат за своите женски права. Да се омажат за кого сакаат, да раѓаат ако сакаат и колку сакаат. Да спијат до пладне, да носат машки чевли, да купуваат и купуваат, да и’ се одмаздат на инквизицијата со тоа што ќе пцујат и проколнуваат и ќе пијат и спијат со кого и кога сакаат. Да добиваат од ружи до машини за перење со сигурност бар еден ден од годината. Да бидат рамноправни со мажите, а сепак, како што еднаш рече Мерлин Монро, да можат да бидат жени во овој машки свет.
2014

Левицата и борбата за ослободување на жената – Aileen O’Carroll
Европа од XVII век до 1920 год.
Борбата за ослободување на жената во принцип била поврзана со пошироките општествени и економски промени. Првиот пишан доказ кој укажува на изедначувањето со машкиот пол потекнува од периодот на реформацијата која започанала во XVI век.
Многу жени биле вмешани во радикалните секти меѓу кои: анабаптистичката и пуританската. Во 1576 во Лондон е објавен проглас со кој на жените им се забранува да се состануваат заради озборување и на мажите им било советувано своите жени да ги чуваат дома.
- Најнасилниот елемент во општеството е незнаењето. Ема Голдман