Вториот бран на феминизмот и „новиот дух на капитализмот“-Ненси Фреjзер

Интересно е да се запази дека вториот бран на феминизмот цвета во нови услови. Она што започна како радикално контракултурно движење сега е на пат да стане широка, масовна општествена појава. Привлекувајќи приврзаници од сите класи, ентицитети, нациналности и политички идеологии, идеите за феминизам си пронајдоа свој пат до секој агол на општественото живеење и го променија своето разбирање на оние со кои доаѓаа во допир. Резултат на ова, не беше чистото проширување на активистичките редови, туку и преобликување на здраворазумското сфаќање на семејството, трудот и достоинството.

Дали е чиста случајност тоа што вториот бран на феминизмот напредува „во тандем“ со неолиберализмот? Или постои некаква перверзна, подземна меѓусебна привлечност? Втора можност е сигурно ерес, али ако одбиваме да ја истражиме чиниме лична штета. Секако дека напредокот на неолиберализмот, драматично го промени теренот на кој делува вториот бран на феминизмот. Тврдат дека ефектот беше „преозначување “ на идеалите на феминизмот. Настојувањата кои имаа јасен еманципаторен потисок во контекст на државниот капитализам добија далеку двосмислено значење во неолибералната ера. Со државите во развој и државите во благосостојба кои се „под опсада“ на заговорниците на слободниот пазар, феминистичката критика на економизмот, андроцентризмот, етатизмот и вестфализмот добива нов замав. Дозволете ми да ја разјаснам таа динамика на преозначување, преку преиспитување на четирите клучни точки на феминистичката критика.
Преозначување на феминистичкиот антиекономизам. Растот на неолиберализмот се поклопи со големите промени во политичката култура на капиталистичкото општество. Во овој период, барањата за правда се повеќе се сфаќаат како барања за признавање на идентитетот и разликите. Со ваквиот пресврт „од прераспределба до признавање“ дојдоа и силни притисоци за да вториот бран на феминизам се измени во некоја верзија на политичкиот идентитет. Без сомнеж тоа беше прогресивна варијанта, али сепак ја пренагласи критиката кон културата а ја занемари критиката кон политичката економија. Во пракса, постои тежнеење да социјално-економската борба се подреди на борбата за признание (идентитет), додека во академскиот дискурс на феминистичката теорија на културата ја засени феминистичката државна теорија. Она што започна како неопходен коректив на економизмот, со време се претвори во подеднакво едноставен културализам. Така, наместо создавање на широка, богата парадигма кој би ги опфатила и прераспределбата и признанието, вториот бран на феминизам de facto ја замени едната ограничена парадигма со друга.

Ненси Фрејзер

Дополнително, моментот не можеше да биде полош. Свртувањето кон политичките признанија многу лесно се спои со растот на неолиберализмот, кој не сакаше ништо друго освен да ги поттисне сите сеќавања на социјалниот егалитаризам. Значи, феминистките ја пренагласија критиката на културата баш во моментот кога околноситете налагаа зголемено внимание на критиката на политичката економија. Со напуштањето на таквата култура, културниот елемент ќе биде одвоен не само од економскиот, туку и од критиката на капитализмот, критика која и претходно обединуваше. Одделени од критиката на капитализмот и ставени на располагање на алтернативни толкувања, наведените елементи можеа да бидат опфатени во „опасна врска“ со неолиберализмот, како што ќе каже Hester Einstein.
Преозначување на феминистичкиот андроцентризам. Оттука, беше само прашање на време кога неолиберализмот ќе ја преозначи феминистичката критика на андроцентризмот. За да го објаснам ова, ќе се послужам со неколку изменети аргументи кои ги осмисли Luc Boltanski и Eve Vhiapello. Во значајната студија Новиот дух на капитализмот, тврдат дека капитализмот во време на историски прелом, периодично се преобразуваат самите себе, делумно така што се засилуваат одредени аспекти на критиката која е насочена против него. Во таквите моменти, елементите на антикапиталистичката критика се преозначени со цел да се легитимира нов облик на капитализам во создавање, кој така здобива повисоко, морално значење кое е потребно за да се мотивираат новите генерации да ја трпат (самиот по себе) бесмислената работа заради акумулација без крај и конци. Новиот „дух“, служејќи како легитимација на прилагодливиот, неолиберален капитализам од нашето време, настана од „уметничката“ критика на државниот капитализам на Новата Левица, која ја отфрла корпоративната култура на странскиот конформизам. Во некои аспекти на побуната `68, неолибералните теоетичари на менаџментот открија парадигма за нов „вмрежен“, „проектен“ капитализам, каде цврстите организациски хиерархии се заменети со хоризонталните тимови и прилагодени мрежи кои ја ослободуваат личната креативност. Резултат на тоа е новата романса помеѓу капитализмот и објективната промена во светот – романса која го вклучи технолошкиот развој на Силиконската долина која денес наоѓа свој најчист израз во Google „философијата“.

Аргументите кои ги наведуваат Boltanski и Chiapello се оригинални и силни. Сепак, заради „родовото слепило“, тие не успеваат на ја зафатат оваа особеност на духот на нелоибералниот капитализам. Без сомнеж, тој дух вклучува маскулинарна романса на слободниот, неоптеретен, „самоизграден“ поединец. Меѓутоа, неолибералниот капитализам стои во врска со Walmarton, „макиладорами“ (фабрики кои брутално искористуваат ефтина, обесправена работна сила) и микрокредитима како со Силиконската долина така и со Google. Неговите клучни работници се и жените (сеуште нееднакво застапени во однос на мажите), не само млади и немажени жени, туку и жени во брак и со деца; не само не-бели жени, туку и жени од сите националности и етницитети. Како такви, тие се влеаа во пазарот на трудот ширум светот, а ефект на тоа беше поткопување – еднаш за секогаш – на идеалите за семејна плата на државниот капитализам . во „неорганизираниот“ либерален капитализам, тој идеал беше заменет со нова норма на семејство со два прихода, без обзир на тоа што е реалноста, на која се темели овој нов идеал, реалноста на ниските примања, намалена сигурност на работните места, опаѓачки животен стандард, брз раст на работните часови по домаќинствата, влошување на работата во две смени – сега се работи за три или четири – и раст на бројот на семејства со кои раководат жените. Неорганизираниот капитализам успеа од „ништо да направи нешто“, нудејќи нова романса на женскиот напредок и родовата рамноправност.
Колку тоа и да звучи вознемирувачки, сметам дека вториот бран на феминизам ненамерно му обезбеди еден кулчен дел на новиот дух на неолиберализмот. Нашата критика на семејниот доход сега станува добар дел од романсата која го снабдува флексибилниот капитализам со повеќе смисла и морал. Давајќи им морална посебност на нивните секојдневни настојувања, феминистичката романса ги привлекува жените од двата краја на социјалниот спектар: од една страна, тоа се стручњаците од средната класа кои се одлучни во изградбата на својата кариера; а од друга страна, привремено вработените, ниско платени услужни работнички, слугинките, сексуалните работнички, мигрантките, работниците во зоната на слободната трговија и микрокредитните работнички, кои не бараат само извор на приходите и материјална сигурност, туку и достоинство, самоусовршување и ослободување од традиционалната машка моќ. На двата краја, сон на еманципираната жена е впрегнат во погонот на капиталистичката акумулација. Заради тоа, критиката на семејниот доход која ја спроведе вториот бран на феминизам имаше перверзна реинкарнација. Некогаш клучниот дел од радикалната анализа на капиталистичкиот андроцентризам, таа денес служи за да го зајанке позитивното вреднување на наемниот труд во рамките на капитализмот.

Преозначување на феминистичкиот антиетатизам. Неолиберализмот, исто така, го преиначи и антиететизмот од претходниот период, правејќи од него план за сведување на минимум на државното учество. Во новата клима, критиката на патеријархатот во државите во благосостојба, која ја изнесува вториот бран на феминизмот беше дури на чекор подалеку од критиката на „држава-дадилка* (држава која во голем обем користи протекционизам, економски интервенционизам и политичка регулација во економската и социјална сфера), која ја понуди M. Thatcher. Тоа беше осигурано искуство во САД, каде феминистките беспомошно набљудуваа како Bill Clinton ја корсити нивната детална критика на сексизмот и стигматизацијата внатре во системот на социјалната помош (и онака мизерна), како подршка на планот „да ги укине државните трансвфери, барем онака како што ги познаваме“, со што беше укинато правото на социјална помош на федерално ниво. Во постколонијалните земји, критиката на андроцентризмот е преобразена во меѓувреме во развојниот ентузијазам на невладините организации, кои се појавија насекаде за да го исполнат празниот простор кој настана со намалувањето на државната надлежност. Сигурно дека најдобрите од овие организации ја дадоа хитно потребната материјална помош на населението кое беше лишено од социјалната помош. Сепак, ефектот често беше деполитизација на локалните групи и прилагодување на нивните планови и програми во правец кој најмногу им одговараше на фондациите од Првиот свет. Благодарение на својата краткорочна природа, со делувањето на невладините организации се направи многу малку во смисла на преиспитување на опаѓачкиот бран на државните трансфери и градењето на политичка подршка за одговорната државна активност. Растечката популарност на микрокредитирањето ја илустрира оваа дилема. Користејќи се со феминистичките вредности и „хоризонталната“ партиципација наспроти пасивизирачкиот, бирократски и „вертикален“ етатизам, архитектите на овој проект изградија иновативен спој на поединечната самопомош и вмрежувањето во рамки на заедницата, „надзирањето“ на невладините организации и пазарните механизми, со цел борба против сиромаштијата на жените и родовата потчинетост. Досегашниот резултат вклучува имперсивна архива на отплати на кредитите и анегдотските сведочења за животните промени. Меѓутоа, она што е скриено во феминистичкиот ветер кренат околу сите овие проекти, е всушност вознимирувачката случајност: микрокредитирањето процвета токму тогаш кога државите ги напуштија макроструктурните напори во борбата против сиромаштијата, напори кои ниските заеми не можат да ги заменат. Во овој случај, феминистичката критика на бирократскиот патернализам допринесе во развојот на неолиберализмот. Гледиштето кое за своја цел ја имаше промената на државната моќ во сервисот на граѓаните за засилување на социјалната правда, сега се користи за да ја легитимизира маркетизацијата (процес кој овозможува државните претпријатија да се однесуваат како фирми кои се ориентирани кон маркетингот) и намалување на државните трошоци.
Преозначување на феминизмот за и против вестфализмот. Конечно, неолиберализмот го менува – на добро или лошо – амбивалентниот однос на вториот бран на феминизмот и вестфализмот. Во новиот контекст на „глобализација“, неможе повеќе да се тврди дека ограничената територија на државата е единствена легитимна рамка на практикување на правда и обврските кои оттука произлегуваат. Феминистките и порано го оспоруваа сведувањето на правата на ниво на државата – нацијата, заедно со заштитниците на животната средина, човековите права и критичарите на Светската трговска организација. Користејќи се со поствестфалските погледи во бескорисноста внатре во државниот капитализам, тие „целеа“ кон прекуграничната неправда, маргинализирани или запоставени во претходниот период. Користејќи ги новите комуникациски технологии за воспоставување на меѓународните мрежи, феминистките практикуваа нова стратегија, како што е „ефектот на бумеранг“ ( скратување на одредени права често може да предизвика побуна која води до поголеми права), мобилизирајќи го глобалното јавно мислење со што ќе се увидат локалната неправда и ги осудуваат државите кои тоа го дозволуваат. Како резултат на тоа, се појави нов облик на феминистички активизам кој ветува – меѓународен, повеќеслоен, поствестфалски феминизам.

Меѓутоа, свртувањето на меѓународен план донесе и многу потешкотии. Често оспорувани на ниво на државата, многу од феминистките ја усмерија својата енергија кон „меѓународната“ арена, посебно во низата конференции на Обединетите нации, од Најроби, преку Виена до Пекинг.. и понатаму. Градењето на своето присуство во „глобалното цивилно друштво“, со чие посредство се вклууваат во новите режими на глобалното управување, феминистките се вовлечени во некои од проблемите на кои веќе и укажав. На пример, учеството во кампањите за женските човечки права, насоечни претежно на прашањата за насилството и репродукција, притоа запоставувајќи ја сиромаштијата. Согласувајќи се со поделбата од студената војна на политички и граѓански права, од една страна, и социјални и економски права од друга страна, овие напори исто така му даваат предност на признанието што е спротивно на прераспределбата. Покрај тоа, овие кампањи почнаа со изместувањето на феминистичката политика во невладиниот сектор, ширејќи го јазот помеѓу стручњаците и локалните групи, давајќи несразмерно големо влијание на елитата која владее со англискиот јазик. Оттука, во рамки на феминистичкиот ангажман во врска со политичкиот апарат на ЕУ, посебно го имаме во предвид отсуството на вистински меѓународни и паневропски женски движења. Значи, феминистичката критика на вестфализмот во ера на неолиберализмот, се покажа како меч со две острици. Она што започна како спасоносен обид да се прошири надвор од моделот држава-нација, обемот на правда, се претвори во спој со административните потреби на новиот капитализам.

Општо земено, судбината на феминизмот во ерата на неолиберализмот, претставува своевиден парадокс. Од една страна, релативно малиот контракултурен проект од претходните децении растеше експоненцијално, успешно ширејќи ги своите идеи ширум светот. Од друга страна, феминистичките идеи поминаа преку крупни промени – и во поглед на својот учинок – во променетиот политички контекст. Несомнено еманципирачка во ера на државниот капитализам, критиката на економизмот, андроцентризмот, етатизмот и вестфализмот сега се појавува оптеретена со двосмислености, подложна на легитимирање на потребите на новиот облик на капитализмот. На крајот на краиштата, ваквиот капитализам повеќе би сакал да се судри со барањата за признавање, отколку со барањата за прераспределба, бидејќи тој гради нов режим на акумулација на темелите на наемниот женски труд, и се обидува да ја укине државната контрола на пазарот со цел да делува се повеќе и послободно, на глобално ниво.

Последно