Движење за социјална правда

14 темелни точки на фашизмот

Политичкиот теоретичар Lawrence Britt, анализирајќи ги фашистичките режими на Хитлер, Мусолини и Франко издвоил 14 темелни точки на фашизмот. Но се поставува критичко прашање дали фашистички режими се само тие и дали истите се појавиле одеднаж од нигде никаде, или пак има историско материјалистичка нишка, односно причини за нивна кулминација во таков отворено репресивен режим. Фашистичкото општесво е врв на секаков вид насилство.  Доаѓање на едно општество до оваа точка на зенитот од насилството воопшто не е тешко и воопшто не е далеку ако работите ги погледнеме историско-материјалистички. Во оваа насока да видиме кои се овие темелни карактеристики на фашизмот и колку истите може да ги согледаме и предвидеме денес.

ЗАБЕЛЕШКА*** : Текстот во ITALIC форма е текст изваден од самото дело на Levrance Britt.

1. Силен и сеприсутен национализам: Фашистичките режими имаат тенденција постојано да користат патриотски химни, слогани, маршови и разно разни национални симболи.
Овде немора многу да се зборува за практиките на сегашната владина промениенција на чело со ВМРО ДПМНЕ. Но исто така не треба да ни промакне и тоа дека ова е и системско својство на нацијата-држава. Таа како би го продолжила нејзиниот опстанок секојдневно ја репродуцира пропагандата на своето постоење како нужно, тоа го прави најчесто преку официјалната историја релевантна во институциите, нациналната химна, знаме и грб и слично.

2. Понижување и презир кон човековите права: Поради стравот од непријателот и поради внатрешната безбедност поединците во фашистичките режими се убедуваат дека понекогаш има „потреба“ да се игнорираат човековите права. Луѓето од овие режими не само што не реагираат на практиките на власта како тортурата, политичките атентати, вонсудски пресуди, долги притвори и слично, туку тие и неретко имаат и тенденција да ги поддржат истите.
Стравот е најефективна и најфункционална алатка за контрола. Ако во едно општество посеете страв и омраза од различноста, тогаш во таа држава можете да правите буквално што сакате. Само имајте ги во предвид ставовите на видни личности и медиуми за тоа колку грците се за никаде, како бугарите се наша постојана опасност, тука се и религискиот спор со Србија, убеденоста во постоењето на “велико-албанската” идеја кај албанците во нашата држава и слични спорови со околните народи. Ова станува особено точно за нас ако се додаде и стравот проектиран во иднина, како на пример стравот од социјална беда кој постои кај поединецот во овие хаотични и неконтролирани економски односи на капитализмот.

3. Параноично барање на заеднички непријател како причина за единство: Поради елиминација на непријателот кој е закана за државната безбедност и интегритет народот се поттикнува да се приклучи на хистеричната толпата која е на улците; Во поимот на овој непријател можат да се најдат расни, етнички или религиски заедници, комунисти, социјалисти, терористи и други.
И ова се храни од исти извор како и втората точка. Веќе многу пати видено кај нас.

4. Величење на милитаризмот и војската: Дури и кога постојат други големи домашни проблеми, на војската и се дадени многу бучетски средства и комплетно се игнорира домашната внатрешна агенда. Војниците и воената служба се величат на голема врата.
Денес, во повеќето европски држави како и кај нас, ова место го има завземено полицијата и разно разните специјални тимови формирани во неа. Ваквите структури покрај тоа што се исклучитело неконтролирани и сеат бруталност наоколу, тие се искористуваат и за контрола на политички собири и акции од овој тип. Тие се острите заби на режимот кој ги покажува при секоја, па макар и мала, закана кон него.

5. Експанзија на сексизмот: Владите на фашистичките нации имаат тенденција речиси исклучиво во нив да доминираат мажи. Во овие режими традиционалните улоги на родовите стануваат ригидни. Анти- абортусот и хомофобијата се во првите редови.
Фашизмот во исто време значи и распределба на строго определени општесвени улоги, во такви услови жената е само приверзок на мажот. Во денешните либерални парламентарни демократии, кои под изговор на немешањето во приватноста, воопшто не се интересираат за образовната улога која би требало да ја има демократијата. Демократијата има само чисто формални карактеристики, па традиционализмот го остава да цвета по сокаците и домовите.

6. Контрола на масовните медиуми: Додека понекогаш медиумите се под директна контрола од власта, во други случаи тие индиректно се контролираат преку разни циркулари и прописи издадени од властите, или медиумиски потпароли и управители со симпатии кон власта. Цензурата, особено во за време на војна, е многу честа појава.
Репресивните режими имаа како цел да опозицијата ја спречат пред таа да се појави, при што мас-медиумите се исклучително битна алка во тоа. Тие преку нив ги деконтаминираат сите никулци на алтернативни политички идеи во општеството. Неолибералните режими ова го прават на еден многу суптилен начин, а тоа е финансиската зависност на новинарите, особено во приватните мејнстрим медиуми. Овој финансиски детерминиран интензитет на општествено влијание на политичките елити предводени од буржоаските капитало-сопственици им овозможува да на еден суптилен начин владеат со свеста кај обичниот народ.

7. Националната безбедност како изговор за репресија: „Стравот“ од страна на власта се користи како алатка која ги побудува масите.
Кај нас интересна е аргументацијата на владејачките елити, која што ја даваат при проблематизирање на потребата од членување во милтаристичка и империјалистика организација како што е НАТО пактот. Имено, нашата држава реално не е под никаква закана од надворешна агресија за што единствено има должност да реагира алијансата ако нападнатата држава е нејзин член. Во нашата држава пред се бдее граѓанска војна од влошените етнички односи, а познато е дека најдобриот лек за тоа е подугнување на социјалната состојба и подобрување на материјалните услови на граѓаните.

8. Испреплетеност на власта и религијата: Фашистичките влади религијата која е најшироко распространета во земјата, ја користат како алатка за манипулирање со јавниот простор. Владите ја користат религиската реторика и терминологија дури и кога владините политики или активности се дијаметрално спротивни со главните постулати на таа иста религија.
Религијата е опијум НА како и ЗА народот. Исто како и стравот, таа е една добра алатка за владеење. Нејзината догматична и антинаучна структура е многу погодна за фашизмот, таа секогаш е еден од неговите најбогати извори.
Ова важи и за модерните либерални држави демек секуларни. Затоа што така, позитивистички сватен секуларизмот не воопшто ефикасен, а од друга страна институционализирањето на религијата прави да религијата се пооштествени, да поприма општ карактер при што го десекуларизира, или пак спречува да се секуларизира, самото општество. Ништо незначи секуларна држава без секуларно општество, односо секуларна политика. Особено при ваква држава сватена низ призмата на нација-држава, каде религијата е најголемиот конститутивен елемент на етникумот, а национализмот само мутиран и политички организиран етникум, при што нацијата добива статус на чувар на религијата.

9. Штитење на моќта на приватната сопственост: Индустриската и бизнис аристократија најчесто се тие кои на власт ги носат фашистичките лидери. Ова се прави воспоставувајки взаемни интереси власта и бизнис светот и на тој начин создаваќи одредени елити на моќта.
Кај нас овој процес почна со криминалната (како во својата есенција така и институционално и формално правно) приватизација. Владејачките елити станаа во ист момент бизнис елити преку присвојување на општествената сопственост. После овој процес се деси промена на власта како притисок од тешките последици кон општеството од оваа народна пљачка. Па нив ги заменија само личности но не и политики, така новата промениенција почна еден нов процес на превземање на изворите за материјален бенифит, ова беше еден вид ре-приватизација на средствата за производство.

10. Притисок и контрола на работната сила: Единствената вистинска закана за фашистичките влади е организираната моќ на работниците. Синдикатите или се елиминираат целосно или сериозно се потиснати и контролирани.
Иманентната последица од капитализмот – сироаштијата и социјаната беда – како ситуација на исклучителна социјална несигурност е најголема дезориентирачка состојба на работната сила. Заканата од социјална беда прави дисциплинирани индивидуи и слепи слуги на фашизмот.
Професионализмот во синдикализмот синдикалните лидери ги направи елити од круговите на богатата буржоазија. Жолтите и особено деполитизираните синдикати се најголемиот успех на неолиберализмот, ова во корен ја пресече политичката моќ на работничките партии.Ова е со такви последици што некаде, како кај нас на пример, дури и работниците воопшто да немаат политички партии а уште помалку представници во парламентот.

11. Презир кон интелектуалците и уметноста: Фашистичките власти отворено поттикнуваат и промовираат непријателство кон високото образование и академијата. Цензурирањето, па и апсењето на професорите и другите академици е честа појава. Слободата на изразување во уметноста е отворено нападната, и владите често одбиваат да одвојат пари за уметност.
Модерниот, капиталистички обоен фашизам ја научи лекцијата дека уметноста е голем потенцијал за влијание, па така не ја одби туку ја присвои и активно ја користи за манипулирање со колективната свест. Рекламните активности на корпорациите станаа најплатени уметнички дела. Зависноста на уметноста стесната во стоковопаричниот однос на вреднување направи да таа ја изгуби својата основна цел, така уметноста ја изневери својата општествена функција, таа престана да го одразува општественото распаѓање.
Што се однесува до образованието и интелектуалците, таа (фашистичката власт) со институционален упат во нив ги превзема и ги стави под контрола истите. Најдобар пример за ова е Болонската реформа во високото образование кое е директен напад на независноста на универзитеот. Сосема друга приказна е приватизацијата на високото образование пред се што ги стави интелектуалците во милост и немилост на бизнис елитите и капиталот.

12. Опседнатост и притисок со криминалот и казнувањето: Во ваквите фашистички режими полицијата речиси има неприкосновена моќ да со сила ги спроведува законите. Луѓето обично ги превидуваат полициските злоупотреби пa дури и во име на патриотизмот спремни се да се откажат од граѓанските слободи. Во фашистичките држави има полициски сили со неограничена моќ.
Нема што многу да се коментира околу оваа точка, сететесе само на разно разните казни, парично ектремно високи и во голема диспропорција со економскиот стандард. Само може да се напомене вулгаризирањето на словото на правото и неговата нечуствителност за духот на правдата, како и неземање во обзир на причините за сторениот прекршок.

13. Немање граници во непотизмот, кронизмот и корупцијата: Фашистичките режими, речиси секогаш назначувајќи се едни со други на владејачките позиции, се водени од група пријатели и сојузи помеѓу нив. Ваквата практика им овозможува авторитетот и моќта од власта да ги штити од одговорност и отчетност. Присвојувањето на националните ресурси па дури и богадства, или нивна отворена узурпација од страна на владејачките лидери е незаокружлива карактеристики на сите вакви режими.
Околу оваа појава нема што многу да се коментира, едноставно се добива едно чувство на тоа дека не владеат династии а не здружени индивидуи врз основа на исти идеи.

14. Лажирање на избори: Фашистичките режими понекогаш изборите ги користат исклучиво за фарбање очи. Во други прилики изборите се прават во сенка на анти-кампањи, дури и атентати врз противничките кандидати, контрола на изборните единици и гласачи преку законодавството и институциите, како и во сенка на медиумските манипулации. Исто така типично за овие влади е да судството го користат за манипулација или контрола на самите избори.
Изборот на политичка опција во модерниве денешни политички системи како брачна заедница помеѓу капитализмот и парламентарната демократија, битно е детерминиран во своите понуди. Имено, огромните материјални средства потребни за промоција и партиципација битно ги ограничуваат понудите во политичкиот простор. Според вредносната теорија на капитализмот вреднувана денешнава демократија навистина кошта премногу.

Ние живееме во фашистички режим, но заслепени од него! При споменување на зборот фашизам на памет ни паѓаат практиките на Хитлер, Мусолини или Франко. Ваквото размислување значи да преку дефиниција се обидуваш да ја согледаш вистината, тоа е анахроно. Не, фашизмот како и секоја мисла е модериран и модифициран, така држи чекор со времето, кога ќе најде вистински околности и прилики тој ќе го покаже своето вистинско лице, само што тогаш е доцна, односно потребната жртва за негово спречување прескапо чини. Денешниот фашизам е крипто-фашизам, тој е сокриен во економските односи и политичката култура и општествена практика која ги следи истите.
За крај да не ја заборавиме нашата традиција на антифашистичка борба и да бидеме апсолутно доследни во нашите политички определби. Независноста на оваа држава значеше пораз за фашизмот! Антифашистичката борба пред се’ беше антикапиталистичка борба – борба за социјализам!!!

 

Автор:

Хактан Исмаил,
Активист на ДСП – Ленка,
Март, 2014 – Скопје

0
img

Цитати
  • Најнасилниот елемент во општеството е незнаењето. Ема Голдман
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!