„Воен провокатор! Лажго! Бандит!“ – Шолц исвиркан на митинг во Берлин

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, беше исвиркан од присутните на собирот организиран од страна на неговата партија СПД во Берлин.

Околу стотина луѓе, обидувајќи се да го попречат Шолц во своето обраќање, протестирајќи извикувале: „Воен провокатор! Лажго! Бандит!“

Причината за протестот против германскиот канцелар е неговиот став и владина политика по однос на конфликтот во Украина, односно, учеството на Берлин во снабдување со оружје за вооружените сили на Украина.

Обидувајќи се да ги надгласа протестирачите, Шолц го грабнал микрофонот и почнал да извикува дека Путин е тој што е воен провокатор…

Последните истражувања на јавното мислење во Германија покажуваат дека сегашниот канцелар, Олаф Шолц и неговата влада имаат многу мала поддршка и доверба помеѓу германците. Имено, истражувањето покажа дека само 25% од Германците веруваат дека канцеларот Шолц добро ја врши својата работа.

Последно