Во Македонија ќе се обучуваат 400 украински војници – министерката Петровска вели дека тоа бил нејзин предлог

0
260

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во интервју за украински медиуми, изјави дека се планира да се обучуваат 400 војници на украинската армија како дел од поддршката на нашата земја за Украина.

„Да, ние веќе предложивме на властите во Украина дека сме подготвени да прифатиме околу 400 украински војници кои би биле тренирани во нашата база во Криволак.“ се пофали Петровска

Претходно Македонија донираше 30-ина тенкови и 12 хеликоптери, за кои македонските власти тврдеа дека повеќе не биле дел од вооружувањето на армијата. Нивната вкупна вредност е процената на 30 милиони евра.