Велес ќе ги враќа моштите на Панко Брашнаров, по иницијатива на Левица

Соопштение на ЛО Велес при политичката партија Левица

Иницијативата за враќање на моштите на народниот учител Панко Брашнаров, предложена од советничката група на Левица во Советот на Општина Велес едногласно беше прифатена на денешната седница.

Панко Брашнаров, човекот кој беше генерација и соученик на велешките гемиџии, сведок на двата Илиндена, човекот кој целиот се посвети на ослободувањето на Македонија и голем дел од својот живот го помина по затвори поради својот патриотизам и идеализам и кој поради својата борба за македонската кауза остана патриот вљубеник во Македонија, без свое семејство и потомство.

Иницијативата подразбира реализација на низа мерки и активности со кои ќе се овозможи враќање на посмртните остатоци на првиот претседавач со АСНОМ, Панко Брашнаров, од Република Хрватска во Република Македонија, односно во родниот Велес.

https://www.facebook.com/LevicaVeles/posts/pfbid0xRtV6nGcUaoRRB1FuiAMZxXmMDdW52Qe72yhtbAMbEj3nvqJ6pSsMSrDywjBpwz7l
Последно