Денеска, Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации треба да гласа за итен прекин на огнот во Појасот Газа. Ова се случува само неколку дена по вето на Соединетите Американски Држави врз слична резолуција, претставена во Советот за безбедност.
Иницијативата за прекин на огнот ја поднесоа група од 20 арапски земји и Организацијата за исламска соработка. Седницата на Генералното собрание е закажана за 15 часот по локално време, односно 21 часот по средноевропско време.
Во петок, Соединетите Американски Држави го блокираа предлогот за прекин на огнот во Советот за безбедност на ОН. Оваа одлука дошла по повикот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој со итна седница според ретко користениот член 99 од Повелбата на ОН обиде да го привлече вниманието на Советот за безбедност за „секое прашање што може да го загрози меѓународниот мир и безбедност“.
Во Генералното собрание од 193 членки ниту една земја нема право на вето. За разлика од Советот за безбедност, резолуциите на Генералното собрание не се правно обврзувачки, иако го одразуваат глобалното мислење.
Од почетокот на војната, Советот за безбедност шестпати не успеа да прифати резолуција за прекин на огнот во Газа поради несогласувањата меѓу неговите 15 членки.