Вака изгледа улицата Партизанска секоја вечер, а жителите постојано се жалат и реагираат дека навечер се приморани да се движат со светло од телефони. Улицата се наоѓа кај градинката ,,Сонце” и иако има голема френквенција на движење, на вечниот градоначалник од ДУИ воопшто не му е грижа за потребите на жителите!

Иако општината прибира даноци за обезбедување на оваа основна услуга, очигледно парите на Стружани завршуваат за новото АУДИ на Ramiz Merko – Faqja Zyrtare , наместо за нивната вистинска намена.

Во сите градови каде што владее криминалната ДУИ, состојбата е подеднакво катастрофална – депонии, иселување, загадување, немање основна инфраструктура, додека нивните челници се богатат врз грбот на граѓаните.

За неказнетото владеење н феноменот ДУИ подеднаква одговорност имаат и ДПМНЕ и СДС, затоа што Стружани добро памтат како совршено функционираше и претходната коалиција на Рамиз Мерко со ДПМНЕ.

Струга не смее веќе да биде паричка за поткусурување на македонските партии со албанскиот политички блок! – Стои во соопштението на Левица ЛО Струга