Србија испрати 900 тони хуманитарна помош во вредност од три милиони евра за Палестина, соопшти денеска Владата во Белград.

Дел од храната, водата, медицинската опрема и шаторите за сместување на семејствата итно се испраќаат во Египет со авион во петок и сабота.

Остатокот од хуманитарната помош ќе се транспортира со брод во неколку наврати. Планот е, кога помошта ќе пристигне во Египет, таа да биде преземена од египетската Црвена полумесечина и понатаму транспортирана со камиони до Појасот Газа. Владата на Србија.