Партизанските песни, создадени за време на Втората светска војна, неодамна беа запишани во словенечкиот регистар на нематеријално културно наследство.

Овие песни станаа исклучително популарни по војната, а иницијативата да се вклучат во регистарот на нематеријално културно наследство ја покрена „Партизанскиот хор“ од Љубљана, кој неодамна на социјалните мрежи објави дека се решил на овој чекор со цел да се спасат неколку стотици песни во неколку библиотеки и архиви, да би се зачувале за идните генерации, пренесува агенцијата СТА.

Словенечките партизански песни потекнуваат од бунтовнички и народни воени песни создадени за време на Втората светска војна, се вели во соопштението на Министерството за култура на Словенија.

Првично, овие воени, револуционерни и бунтовнички песни ги пееле вокални групи војници кои биле дел од аматерски театарски или културни групи и биле изведувани на културни настани во партизанските единици или на ослободените територии.

Во април 1944 година започна со работа „Распеаното друштво“, познато и како „Хор на инвалидите“, во кое настапија 17 војници кои се опоравуваа во Партизанската болница, а потоа продолжи да ги изведува „Партизанскиот хор“.

По Втората светска војна, партизанските песни беа столб на државната музичка продукција и дел од формалното образование.

По 1991 година, партизанските песни се изведуваа претежно на неформални места, но од 2020-тите, одредени хорови и пејачки групи повторно ги открија партизанските песни и нивниот културен потенцијал, јави Танјуг.