„Да демистифицираме уште една бугарска фабрикација на историските настани, а се однесува за пречекот на “ослободителите” од Втората светска војна во Скопје.
Сликите, видеата кои се споделуваат за да се покаже масовноста на пречекот, се всушност луѓе дојдени од Бугарија, а не локално население. Нешто слично видовме и на отворањето на бугарските клубови во Охрид и Битола.
Бугарофилите кои ги пречекале како ослободители биле 20-тина до 40 на број (со жени и деца), а на нивно чело стоел Спиро Китинчев.
А, пречекот од останатите, Македонците, според сведоштвото на Д.К.Будимовски изгледало вака:
***
Д. К. Будимовски (“Триглавска” 26, Скопје) во врска со изјавата на Спиро Китинчев гo испрати ова дополнување:
Спиро Китинчев, како што се цитира, изјавил дека првата бугарска воена единица што дошла во Скопје по навлегувањето на германските фашистички окупатори на 7.IV 1941, била свечено пречекана.
ТОА, ВООПШТО НЕ Е ТОЧНО!
Со леб и сол пред Офицерскиот дом во Скопје на главниот плоштад, таа бутарска окупаторска единица ја пречекаа Спиро Китинчев и неговите соработници од Бугарскиот национален комитет што тој гo формира заедно со Стефан Стефанов кој беше специјално за тоа дојден од Софија. А, тоа беа дваесетина луѓе (заедно со нивните жени и деца околу четириесетина) што сакаа на бугарските „ослободители” да им направат „свечен пречек”.
Скопјани на бугарските окупаторски единици не им приредија таков пречек, освен ако се смета за „свечен” пречек тоа што група младинци, главно скоевци, на главната улица каде што сега се наоѓа Домот на ЈНА (ул. Маршал Тито) ги опсипаа со камчиња и со јајца и гласни извици:
“У-у-у-у-а, опинчари” и “Вратете се од каде што сте дошле!”
***
Извадок од книгата: “Судењата како последен пораз” од Јован Павловски“ – стои на нивната фејзбук објава.