Синдикална кошница за јуни: Минималните трошоци 48.543 денари

На просечно македонско семејство му биле потребни 48.543 денари, или 790 евра за „крпење“ на минималните животни потреби во јуни, покажуваат редовните месечни пресметки што ги прави Сојузот на синдикатите на Македонија.

Притоа, забележано е мало намалување на вредноста на синдикалната кошничка во однос на мај, кога изнесуваше 49.025 денари. Сепак, нагласуваат од ССМ, во јуни има раст на трошоците за храна и пијалоци, за што биле потребни минимум 19.805 денари.

Понатаму, за покривање на режиските трошоци се пресметани 13.416 денари, додека за превоз најмалку 3.720 денари, а за хигиена 3.252 денари.

Превземено од: https://pari.com.mk/синдикална-кошница-за-јуни-минимални/

Последно