Пред не повеќе од две недели, армијата на Нигер, предводена од полковникот Амаду Абдраман, ја суспендираше колонијалната про-француска власт во земјата.
Веднаш потоа, армијата побара сите странски воени сили да ја напуштат земјата, но тоа не се случи. Освен франзуците, во земјата има уште и контингент од 1000 војници на САД. Пентагон изјави дека ќе го задржи својот контингент во Нигер без оглед на барањата на „воената хунта“ да ја прекине воената соработка со оваа земја, што значи уште една нелегална окупација како онаа во Сирија.
Економските интереси на колективниот Запад во оваа сиромашна афричка држава се големи. Нигер е главен снабдувач на минералот во Франција, обезбедувајќи 15% од вкупното снабдување на земјата и една петтина од снабдувањето на Европската унија. Тоа е апсолутно критичен елемент за напојување на француските нуклеарни реактори.
Се чини дека војната во Африка е неизбежна.
Преговорите меѓу ECOWAS (заедница на земји од западна Африка поддржани од САД и Франција) и новата влада на Нигер пропаднаа. Новата власт на Нигер вчера соопшти дека ги раскинува воените договори и протоколи потпишани со Франција и објави крај на функциите на амбасадорите на Нигер во Франција, САД, Того и соседна Нигерија, земји предводници на ЕКОВАС кои се заканија со воена интервенција.
Американски воен транспортер C-17A вчера пристигна во Бенин, а за неколку часа владата на Бенин даде поддршка за воен напад врз Нигер. Исто така Нигерија ги распореди своите воздушни сили на границата со Нигер. Дополнително, САД распоредуваат воен товар околу Нигер со своите воени авиони и ги подготвуваат своите вазали од ЕКОВАС да го нападнат Нигер.
Има и една друга причина како голем потенцијал за воена интеревнција во Нигер, тоа е планот Нигер да создаде голем гасен центар за Европската унија. Имено, според планот на европските колонијалисти, Нигер требаше да стане дел од новиот гасовод Транссахара во замена за руски суровини.
Интересно е да се напомене дека една од земјите во ЕКОВАС е и Сенегал, чија влада најави поддршка на планираната интеревенција во Нигер, но таквата одлука не беше прифатена од народот на Сенегал. Имено, веќе 4 дена траат немирите во Сенегал, и народот нема намера да и дозволи на владејачката елита да преземе воена акција против Нигер во согласност со западните политики.
Наглите и сложени случувањата во Западна Африка изненадија многумина. Главното прашање е дали во другите земји од овој регион, со интервенција на американските и европските разузнавачки агенции, ќе успеат да ги задржат зависните влади на власт, или војската ќе ја искористи непопуларноста и омразата на народот кон своите вазалски власти и во другите западно-афрички земји ќе успеее да ги собори западните вазали од власт.