Политичката партија Левица ја објави својата изборна програма за претстојните парламентарни избори. Во оваа сеопфатна програма, согласно идеолошката поставеност на партијата огромно внимание е на младите, бидејќи партијата е позната како партија на младите
Изминатиот мандат, Левица со само двајца пратеници, успеа да спречи многу штетни политики и да предложи законски решенија согласно барањата на младите и Претседателот на партијата, проф. д-р Димитар Апасиев вели дека со десетина пратеници Левица ќе биде партијата која ќе ги принуди политичките елити да го застапуваат народниот интерес.
Во прилог ви го пренесуваме делот од програмата наменет за млади:
Создавање услови за здравствено и пензиско осигурување за млади фриленсери до 26 години.
Формирање на повеќенаменски младински културни центри (МКЦ) на територијата на цела Република – за социјализација, концерти, изложби, проекции, промоции, едукативни работилници, учење и работа на младите.
Формирање на посебни мрежи и фондови за поддршка на млади таленти од сите области на уметноста, како и градење на специјализирани институции за работа со детски таленти од најрана возраст.
Попусти за т.н. културни пакети за млади до 29 години – за минимум социјални и културни активности (посета на кина, театари, музеи, библиотеки, изложби, концерти, спортски натпревари и сл.).
Попусти за меѓуградски превоз за млади до 26 години.
Зголемување на субвенционирањето за органското производство со автохтони сорти и видови за младите земјоделци.
Субвенционирање на социјални станови за млади до 29 години, како и за млади брачни парови (со или без деца).
Целосната програма на партијата можете да ја прочитате на следниов линк