Македонската економија сé уште не може да се опорави од корона кризата. Малите фирми полека згаснуваат, расте инфлацијата, мерките за помош на самовработени лица и микро компании се на удар од корумптивниот систем во државата.

Додека политичарите и функционерите на ДУИ и нивниот помал коалициски партнер СДС, секојдневно се колнат во единствениот пат кон ЕУ и НАТО, и ја сметаат за ерес секоја соработка со други глобални играчи, најголемата кинеска компанија за електрични возила BYD најавува мултимилионска инвестиција во унгарскиот град Сегедин.

Кинеските инвестиции во напредни електрични возила и батериски системи на територијата на Унгарија, до крајот на 2024 година, се проценуваат на над единаесет милијарди евра од кои повеќето се веќе реализирани и креирале над девет илјади високоплатени работни места.

Кинеската инвестиција во Унгарија ќе се гради постепено и во фази, а се очекува да отвори неколку илјади работни места, да ја подобри локалната економија и да ја подобри трговската размена помеѓу овие две земји.

Политичката партија Левица уште еднаш нагласува дека час поскоро треба да се престане со самонаметнатото слепило и да почне со креирање на стратегија за привлекување на глобални технолошки играчи кои би инвестирале во Македонија. – се вели во реакцијата на Левица – Сектор Економија