Го повикуваме Градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи решението за градба на 17 катницата кај болничкиот комплекс Воена болница.

Политичката партија Левица повеќепати укажа на штетноста од градбата на повеќекатницата на истата локација, паралелно организираше протест на кој што граѓаните јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите за противзаконската одлука на истите да почнат со градба на зграда за која што немаат законска дозвола.

Од пред неколку дена е ПРАВОСИЛНО решението со кое се поништува незаконско позитивното конзерваторско мислење кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото по наши сознанија е пристигнато во општината на 21.03.2024 година по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истата. За жал решението за градба уште не е поништено.

Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но услеавме да го добиеме бидејки е информација од јавен карактер.

Уште еднаш го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски во пресрет на изборната претседателска кампања да се одважи да ги испочитува законите и да го поништи решението за градба веднаш како би докажал пред граганите дека навистина ги застапува нивните интереси. – Стои во соопштението на ЛО Левица – Карпош