Расте трендот на национализам во ЕУ!

0
210

Според најновата анкета во Германија, десничарската партија АФД (AFD – Alternative für Deutschland) има скок во рејнтингот од петто на второ место!

АФД, со рејтинг од 21%, дури веќе е и пред владечката партија СДП, чиј рејтинг едноставно падна за 7%. Сега, СДП има поддршка од само 19%. Додека демо-христијанската партија ЦДУ, водат со 25,5%. Што се однесува до останатите, како „Слободни демократи“. „Зелените“ и „левите“, тие имаат стагнација, односно свои фиксни проценти.

Иако засега АФД изгледа како да е далеку од превземање на власта, затоа што никој не сака да коалциира со оваа партија, сепак, на крајот на краиштата, во 1930 та Нацистичката партија предводена од Хитлер, на првите избори за Рајхстагот, исто така го зазеде второто место со 18,5%. И веќе во 1933 година, Хитлер добива 44% и доаѓа до апсолутна власт.

Доаѓањето на Нацистите на власт беше како резултат на економскиот несупех на Вајмарската Република, така да, доколку Германија влезе во рецесија, тогаш сосема е можно историјата да се повтори.

Потсетуваме дека во Програмата АфД е наведено дека тие се за излез од ЕУ и НАТО, враќање на националната валута и напуштање на еврото. Потоа, протерување од земјата на „новите мигранти“ (оние кои влегоа во Германија по 2010 година) – што претставува своевиден кошмар за колективниот Запад.