Со просечна плата од 19.957 денари (324 евра) во ноември, вработените во заштитни и истражни дејности се најдоа на најнизок статистички ранг за исплати на плати. Ова не важи само во секторот на административни и помошни услужни дејности, каде што просечната плата изнесува 30.399 денари (493 евра), туку и во целост. Вработените во оваа индустрија се и единствени кои примаат плата под минималниот праг од 20.175 денари.
Услугите поврзани со одржување на згради и дејности за уредување и одржување на животната средина и природата, вработените имаат нијанса подобра ситуација со просечна плата од 23.602 денари (383 евра).
Ако ја анализираме ситуацијата по сектори, најнизок просек се забележува во рибарството и аквакултурата со 24.907 денари (404 евра). Земјоделството, шумарството и рибарството следуваат со вториот најнизок просек од 29.505 денари (479 евра).
Во преработувачката индустрија, каде што општиот просек на плата е 33.470 денари (543 евра), кожарите и текстилците имаат најниски плати, 24.789 денари (402 евра) и 25.438 денари (413 евра) соодветно. Но и вработените во производството на кокс и рафинирани нафтени производи (25.803 денари или 419 евра) и преработка на дрво и производи од дрво и плута (27.110 денари или 440 евра) не се далеку зад нив.
Во категоријата на објекти за сместување и сервисни дејности со храна, просечната плата е најнижа, со 27.708 денари (450 евра). Во истите рамки, најнизок просек од 26.159 денари (424 евра) се забележува во дејности за подготовка на оброци и сервирање на храна.