Претседателот на КСС побара оставка од Тренчевска бидејќи ја крие вистината

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска која гостуваше во вестите на Сител телевизија, ја обвини Конфедерацијата на синдикати дека манипулира во врска со Општиот колективен договор за јавен сектор.

„Целиот дијалог за да дојдеме до финализирање на овој Општ колективен договор беше во рамките на Економско – социјалниот совет. Во него учествуваат репрезентативните синдикати и организации како работодавачи. Сепак ние ги вклучивме и нерепрезентативните синдикати, кои беа две години дел од преговорите за колективниот договор. За два дена пред да го реализираме, тие излезат од работната група. Си дадовме рака во Министерството за финансии, се договоривме дека тоа е она што одговара за сите страни во делот на одредбите до Општиот колективен договор и останаа уште две работи кои требаше да ги финализираме во наредните два дена“, рече Тренчевска.

На прашањето од водителот каде е неразбирањето, Тренчевска рече дека недоразбирањето е поради некаков личен интерес на синдикатите.

На оваа изјава преку Фејсбук реагираше Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски кој напиша:

„ОСТАВКА, Министерке Тренчевска ,јас мислев не сакаш, сега сватив неразбираш и упорно ја криеш ВИСТИНАТА , одбери кога сакаш и каде сакаш и со кого сакаш,како подршка работниците да ја дознаат вистината, затоа што молеше да молчиме и дека ќе се договориме , многу прљаво играте , вистината ќе ве утепа затоа што секогаш излегува на површина!“

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid02fWY54VxGYYCVgCdjs1XvX67Fmy16xx3iZAucWxczsbWscy1K8Vup5SZzuYDdyDzal&id=100065534615873

Превземено од Rabotnik.mk

Последно