Ден по лидерската средба премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, за утре попладне свикал итни седници на Извршниот и на Централниот одбор на партијата.
Се очекува највисоките партиски тела во СДСМ да дискутираат и да одлучат како ќе ги продолжат разговорите со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски претходно оцени дека најголемата опозициска партија го променила ставот и сега не е против уставните измени. Понудата на ВМРО-ДПМНЕ партијата ја коментира како победничка опција. Според нив Мицкоски дал 3 можни датуми за избори на есен, по кои ВМРО-ДПМНЕ како победник е спремен да формира влада со сите партии освен со ДУИ.
Целта на владата како што велат ќе биде „зачувување на македонскиот идентитет и интеграција во ЕУ.“
Превземено од: https://24.mk/details/po-liderskata-so-mickoski-kovachevski-svikal-itni-sednici-na-izvrshniot-i-na-centralniot-odbor