Официјално – САД подбутнала Пакистан да го смени премиерот

Американскиот Стејт департментот на САД уште лани ја охрабрувала пакистанската влада да го „бутнат“ Имран Кан од премиерската функција, покажуваат протечени документи до кои дошол Интерсепт. Поради неговата неутралност околу руско-укранскиот конфликт, која кулминираше со веќе познатиот цитат упатен кон колективниот Запад: „Како не замислувате нас? Дали ние сме ваши робови… па се што ќе кажете, ние ќе сториме?“

Средбата меѓу пакистанскиот амбасадор во САД и двајца претставници на Стејт Департментот на која биле изложените американските желби се случила на 7 март 2022 година. 

Еден месец по средбата со американските официјални лица, во Парламентот се одржува гласање за недоверба, што доведе до смена на Кан. Тој и неговите приврзаници се убедени дека гласањето било смислено од САД, со поддршка од моќната пакистанска војска.

Документот до кој дошол американскиот медиум ги сите начини кои Стејт департментот ги употребил за притисок за смена на Кан, ветувајќи потопли односи доколку е отстранет и заканувајќи се со изолција на земјата ако не биде (звучи познато?).

Политичката криза во земјата ескалираше годинава на 5 август кога Кан беше осуден на три години затвор под обвинение за корупција и приведен по втор пат од неговото соборување. Казната, меѓу другото, го блокира Кан кој е најпопуларниот пакистански политичар, да се појави на изборите закажани за подоцна оваа година.

Превземено од: off.net.mk

Последно