Во изминатиот период администрацијата на Трамп како и генералната надворешна политика на САД се соочува со нов моќен противник, сојузот на Кина и Русија. Затоа и новата администрација на Трамп дава напори да се растури ова сојузништво. Но, и покрај напорите за преуредување на глобалната динамика на моќ, претседателите Си Џинпинг и Владимир Путин ги потврдија силните билатерални односи на своите нации, опишувајќи ги како на „највисоко ниво во историјата“. Ова беше заеднички нагласено за време на состанокот во Москва по повод 80-годишнината од нивната заедничка победа во Втората светска војна.
Обидот на американската влада да ги „раздели“ Русија и Кина – инверзија на стратегијата на Хенри Кисинџер од 1970-тите за сојузништво со Кина против Советскиот Сојуз – не ги даде посакуваните резултати. Трамп и неговиот државен секретар, Марко Рубио, предложија партнерство со Русија за спротивставување на Кина, сметајќи го Пекинг како примарна закана за глобалната доминација на САД. Сепак, оваа стратегија ги занемарува продлабочените економски и стратешки врски меѓу Русија и Кина, кои се зајакнати како одговор на западните санкции и заедничките геополитички интереси.
Сегашниот глобален пејзаж е мултиполарен, што ги прави тактиките „раздели па владеј“ од ерата на Студената војна неефикасни. Русија и Кина водат независни надворешни политики и долгорочни стратегии за развој, што ги прави отпорни на надворешни обиди за нарушување на нивниот сојуз. Јасно е дека сојузот меѓу Русија и Кина ќе доведе но нови глобални промени кои ќе се одвиваат независно од надворешната политика на САД.
Преземено од:
Geopolitical Economy Report
https://www.geopoliticaleconomy.report/p/trump-attempt-divide-russia-china-fail