Европратеничката Лин Бојлан од ирската политичка партија Sinn Fein и се обрати на Урсула фон дер Лајен во Европкиот Парламент. Бојлан упати низа критики кон владеењето на вон дер Лајен. Можете да го прочитате и видите нејзиното обраќање подолу:
Владеењето на правото е лепилото што ја врзува нашата Унија заедно, тие се ваши зборови, г-ѓа вон дер Лајен, па зошто во вашите очи некои луѓе се поеднакви пред законот од другите.
Зошто човековите права се применливи во некои конфликти, но не и во други? Зошто животите на Палестинците не се достојни за истите човекови права, истото меѓународно право, истата хуманост?
Сведоци сме на најдокументираниот геноцид во историјата и сè уште нема никакви последици за Израел. Кога изјавивте дека Европа стои со Израел, кога стоевте рамо до рамо со Нетанјаху, вие дадовте зелено светло за овој геноцид.
Двојните аршини, лицемерието со тоа како реагиравте на конфликтот во Украина во споредба со Газа, и нанесе непроценета штета на светската сцена на Европската Унија. Немаше санкции, ниту суспензија на трговијата, всушност парите и оружјето на ЕУ продолжуваат да течат во Израел. 40.000 цивили, заклани деца, живи запалени во нивните шатори а за тоа драги колеги, нема никави последици денес.
Кажете не на геноцидот и кажете не на фон дер Лајен