„Откако пратеникот на Левица – Реџеп Исмаил постави прашање до ДПМНЕ зошто наместо да го поништат Францускиот предлог и да ја укинат Историската комисија, ДПМНЕ продолжува да работи согласно сите постапки и правила на поранешната влада на СДС и ДУИ – пратениците од ДПМНЕ предизвикаа тепачка за владините функционери да избегнат одговор на ова прашање!
Пратеникот на ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, со единствена цел за провокација – ја опцу сестрата на лидерот на Левица, Апасиев.“ – објави на социјалните мрежи политичкиот подмладок на Левица, Црвена Младина.