Награда од милијарда евра на ЕУ за разбивање синдикати

Компаниите кои имаат историја на кршење на законите за работни односи и разбивање синдикати добија повеќе од милијарда евра неповратни средства од Европската комисија во последнава деценија, се наведува во извештајот на Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУЦ) која ја нагласува нужноста од поставување социјални услови за добивање јавни пари. Меѓународната конфедерација на синдикатите на 30 јуни го објави овогодинешниот Глобален индекс на правата кој го мери нивото на работничките и човековите права, а во склоп на индексот е објавена листа со 15 компании кои ги кршеле законите за работни односи во 2023 година. На пописот се големи имиња како Амазон, Рајанер и ИКЕА, а кршењето на законите вклучува отпуштање работници за време на штрајк и одбивање колективни преговори.

Само Рајанер добил 962 милиони евра од 2014 година во рамки на програмата Connecting Europe Facility и преку програмата Horizon за истражувања за безбедност на пилоти. Во јуни 2022 година Рајанер одби да преговара со шпанските воздухопловни и кабински работници кои штрајкуваа и започна дисциплински мерки против штрајкувачите. ИКЕА е обвинета дека го отпуштила синдикалистот Дариуш Кавка, челникот на полскиот синдикат „Солидарношч“ без претходна најава, занемарувајќи ја законската заштита која полските закони ја гарантираат за синдикалните челници. ИКЕА доби речиси 30 милиони евра преку истражувачката програма Horizon 2020. Во извештајот за Глобалниот индекс на правата можат да се најдат уште низа примери на разбивање синдикати и кршење на законите за работа во ШпанијаХоландијаФранцијаБелгија и Полска во 2023.

Главната секретарка на Европската синдикална конфедерација (ЕТУЦ) Естер Линч изјави: „Корпорациите [наведени во индексот] ги прекршија најосновните работнички права и се вклучија во намерни и агресивни тактики за разбивање на синдикатите, како отпуштање и дисциплинирање на работничките претставници или поддржување на жолтите синдикати“. Гласноговорникот на Европската комисија за ЕУРАКТИВ рече дека компаниите во пријавата на средствата на Европската унија мораат да се обврзат дека ќе се придржуваат до важечките закони, вклучувајќи ги социјалните и работните конвенции, за да добијат средства од ЕУ. Комисијата во некои случаи може да побара објаснување од понудувачот во врска со усогласеноста со обврските во областите на еколошкото, социјалното и работничкото право, но по правило тоа не е предуслов за добивање средства.

Европската синдикална конфедерација сега повикува на ревизија на правилата за јавна набавка. Во Акциската програма усвоена минатиот месец на годишниот конгрес на ЕТУЦ, синдикатите бараа „само претпријатијата кои ги почитуваат работничките и синдикалните права да можат да преговараат со синдикатите и чии работници се опфатени со колективните договори да добијат пристап до кој било облик на јавни средства“, што би се однесувало и на пари од националните влади и пари од Европската унија. Претставникот на ЕУ за социјални права Николас Шмит ги поддржа овие предлози: „Ако не исплатувате чесни плати, ако ги исклучувате синдикатите, ако одбивате колективно преговарање, не можете да бидете дел од јавните набавки“, рече на конгресот на ЕТУЦ, „ова се јавни пари кои не можат да се трошат на оние што не го почитуваат законот“. Европската унија не би била првата која би имплементирала клаузули за социјалните услови поврзани со јавни средства: во 2020 година САД донесоа Закон за намалување на инфлацијата (ИРА) кој ветува субвенции и даночни субвенции за таканаречените clean tech компании, а меѓу условите за добивање субвенции се вработување синдикално организирани работници, заштита на синдикатите и високи работни стандарди.

Превземено од: Okno.mk

Оригинал: https://www.bilten.org/

Последно