На предлог на Левица бранителите од Ѓорче Петров и нивните семејства ќе добијат низа поволности

Соопштение на ЛО Ѓорче Петров при политичката партија Левица

Откако на 29-тата седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, советниците од ДПМНЕ Иницијативата на Левица ја претставија како своја, но прифатија минимално исполнување на барањата/идеите во истата, советниците од Левица на 30-тата седница повторно ја предложија иницијативата и побараа нејзино целосно исполнување, по што се формираше работна група во која беше член иницијаторот, советникот од Левица – Влатко Петрушевски.

На предлог на Левица, на 15.09.2023 на Дневен ред се наоѓа Предлог-Одлука која содржи уште една група поволности за бранителите од Ѓорче Петров и нивните семејства, и тоа:

1. Целосно ослободување од обврската за плаќање на надоместокот за делумно уредување на градежното земјиште на територија на Општина Ѓорче Петров, за делот кој се уплаќа на сметка на Општина Ѓорче Петров за станбени објекти за индивидуално домување (класа на намена „А1“) со вкупна површина до 100 m2 корисна нето површина за семејно домување во семејна куќа. Онаму каде што комуналиите се делат со град Скопје (60:40), сопственикот на парцелата ќе треба да ги плати само давачките кон градот, додека за делот кон Општината ќе биде ослободен;

2. Децата на бранителите да бидат на приоритетна листа при уписот во градинките како и ослободени од сите давачките во истите;

3. Децата на бранителите од Општина Ѓорче Петров во основните училишта да бидат ослободени од давачките, како што се ужинки, оброци, посета на театарски и кино претстави, концерти, фестивали и други настани што се поврзани со воспитно-образовниот процес на учениците, ученички списанија, екскурзии, летувања/зимувања.

Повикуваме на едногласно усвојување на оваа Предлог-одлука по иницијатива на Левица, како и активно разгледување на понатамошните можности за проширување на правата и поволностите на припадниците на безбедносните сили од Општина Ѓорче Петров.

Левица не ги заборава најхрабрите!

Последно