Меѓународниот суд на правдата (МСП) денеска соопшти дека в петок ќе донесе одлука за привремената мерка што ја побара Јужна Африка во спорот со Израел во врска со неговата воена акција во Појасот Газа, вклучително и барањето еврејската држава да ја запре офанзивата на таа палестинска територија.

Одлуката на МСП е прелиминарна фаза на постапката иницирана по тужбата на Јужна Африка која смета дека акцијата на Израел против милитантното палестинско движење Хамас има карактеристики на геноцид врз Палестинците.

Израел, кој како и Јужна Африка е потписник на меѓународната конвенција за геноцид, одлучно ги отфрла овие тврдења и бара од највисокиот суд на Обединетите нации да ја отфрли тужбата.