Утрово од 7 до 10ч. беа блокирани приодите кон населба Чашка. До населбата овие три часа немаше приод ниту од правец на Велес, кај галаријата под железничката пруга, ниту преку  мостот на Тополка во правец од Отиштино и Горно Оризари.

Поради протестот и блокирањето на патот, околу 150 ученици Македонци и Албанци од основното училиште „Тодор Јанев“ и денеска немаа настава. Родителите на ученците протecтираа против отворањето на паралелка на албански јазик во училиштето.

„Бидејќи нашиот протест пред училиштето не вроди со плод, продолжуваме со блокади. Надлежните од Министерството  за образование не ги слушаат нашите реакции, глуви се на нашите барања, затоа  продолжуваме вака. Бараме да  се врататат ингеренциите на Општината во работата со ОУ Тодор Јанев“.

Родителите  скоро три месеци бараат враќање на овластувањата на општина Чашка во образованието и преместување на албанската паралелка во друго село.

Протестот бил пријавен и обезбедуван од страна на полицијата.

Пред истекот на минатата година, беше објавена вест дека ќерката на в.д директорката  Елена Николова била вработена во Државниот просветен  инспекторат.

При тогашните протести пак таа беше нападната од страна на еден до незадоволните родители, по што полицијата соопшти дека против лицето ќе поднесе соодветна пријава.

Преземено од: tirekovmirece.com