Во првата минута на изборната кампања Таче успеа да си даде автогол, и тоа со пета. Под превезот на изјавата „делење на акции на граѓаните од државните енергетски компании“, кои веќе им припаѓаат на граѓаните, успеава да не воведе во Приватизација 2.0, сублимат од Приватизација 1.0 од 1991 на Б.Ц, дополнето со „бомбона бизнисот“ на Шекеринска за приватизацијата на ЕВН, како ѝ „Миле, а да им побараме 15%?“ на Грујо.

Очигледната агонија во која се наоѓа СДСМ ја тера врхушката на оваа партија да дава небулозни изјави во однос на енергетскиот сектор кој е од круцијално значење за опстанок на државата.

Кои се всушност фактите кои стојат позади оваа изјава:

Во Македонија единствени енергетски компании кои се државни се АД МЕПСО (компанија одговорна за транспорт на електричната енергија) и АД ЕСМ (компанија одговорна за производство на електрична енергија), вклучувајќи го и ТЕЦ Неготино (кој беше неодамна анектиран од страна на ЕСМ).

Стручните тимови од СДСМ и ДПМНЕ кои беа задолжени за менаџирање со овие две компании во изминативе 30 години, од година во година ги уништуваа со цел да се прикажат како неуспешни и непрофитабилни компании, репетитивно сценарио од Македонски Телеком, ОКТА и ЕВН, компании кои по нивна „приватизација“ се најуспешните компании во Македонија.

Со приватизација на овие, преостанати, државни компании Македонија ќе има 0% удел во сооственоста и управувачки дел во ЦЕЛОКУПНАТА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКА СТРУКТУРА на државата. Состојба која е невозможна да се замисли за ниту една суверена држава.

Кулминација на изјавата: Фотоволтаичните, ветерните и хидро централите кои се градат на земјиште на Македонија се 100% приватна сопственост и тие потенцијали од 600 Mw инсталирана моќност може во било кое време да одлучат да ја поскапат цената на електричната енергија или истата да ја продаваат на друга држава.

Магионичарскиот трик на изјавата: Позади целата приватизација всушност секогаш мора да има доминантен сопственик од минимум 51% од акциите, и тоа кој друг ако не мецените на СДС и ДПМНЕ, Кочо Анѓушев и роднините на врхушката на власта на СДСМ и ДУИ, секогаш спремени да и „помогнат“ на државата и да ја „растеретат“ од сите „загубари“!

Децата на транзицијата пораснаа, лекциите се научени!

ЛЕВИЦА НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ПОВТОРНО РАСПРОДАВАЊЕ НА ДРЖАВНИТЕ ДОБРА И НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ТОА ШТО ПРЕОСТАНА! Стои во соопштението на ПС Енергетика при политичката партија Левица