Макс Блументал, основачот на The Grayzone, левичарски блог кој преку својата професионално новинарска работа ја разобличува американската империјалистика политика и конфликтите кои се појавуваат како реперкусии на таквата политика, пред скоро време се обрати пред Советот за безбедност при ОН по повод улогата на американската воена помош за Украина во предизвикувањето на ескалација на конфликтот со Русија како и за вистинските мотиви зад таа поддршка на Вашингтон во прокси војната на Киев.
Макс Блументал е новинар и автор на неколку значајни книги: Republican Gomorrah (книга за дисфункционалноста на Републиканската партија), the 51 Day War (книга за Израелската инвазија и војна врз Палестинскиот народ), Goliath (книга на тема агресивните десничарски движења во Израел) и останати слични прокети и продкуција преку документарци и слично . Можеби најзначајно за Блументал, е тоа што тој е основачот на The Grayzone, левичарски блог кој што преку својата независна новинарска активност ги разобличува империјалистичките политики и создавањето конфликти на САД.
Подолу, накратко ќе бидат пренесени поентите од излагањето на Блументал, а на видеото можете да го погледнете во интегрална верзија на англиски јазик.
- Пентагон ни соопштува дека планира да испрати дополнителна воена помош во вредност од 500 милиони долари за Украина, додека на 28 јуни, екипите за итни случаи на САД ги чистеа токсичите материи од уште еден излетан воз од шините блиску реката Јелоустоун во Монтана (воз излетал и истурил асфалт и сулфур во реката), разоткривајќи ја недоволно финансираната инфраструктура на САД и нејзините закани по здравјето на Американците;
- Војската на Украина не успева да ја наруши основната одбранбена линија на Русија; На 12ти јуни CNN објавува дека Киев изгубил 16 оклопни возила произведени во САД и испратени до Украина–> Пентагон поднесува предлог-закон, со што даночните обврзници ќе плаќаат дополнителни 320 милиони долари за да ја надокнадат загубата на Украинската војска;
- Американската влада допрва треба да спроведе официјална ревизија за нивното финансирање на Украина, the Greyzone објави независна ревизија за 2022 и 2023. Измеѓу неколку трансакции, the Greyzone наоѓа исплати во вредност од 4,5 милијарди долари од американската агенција за меѓународен развој за да се подмири државниот долг на Украина. Забележаное и одлив на пари наменети за Украина испратени до про-НАТО тинк-тенк организации (think tanks) во Полска, па дури и до рурални фармери во Кенија, фирми за приватен капитал во Грузија, претприемачи во Киев. Се забележува и договор од 4.5 милиони долари со корумпираната компанија Atlantic Diving Supply, за да и обезбеди неодредена експлозивна опрема на Украина;
- Само 30% од финансиската помош стига до фронтот (front lines). Шефот на Интерпол предупредува: масовниот трансфер на оружје во Украина значи дека можеме да очекуваме прилив на оружје во Европа и пошироко, а криминалците сега се фокусираат на ова оружје;
- Во 2014 година, Барак Обама ги отфрла барањата на Киев да испрати смртоносно офанзивно оружје, поради долгогодишна загриженост дека вооружувањето на Украина би ја испоровоцирала Москва, која би го вовлекла Вашингтон во прокси војна; Во 2017, Доналд Трамп стапува во функција и се обидува да ја задржи политиката на Обама, но наскоро е означен како Руска марионета поради што одбива да испрати проектили на украинската војска. Во Јануари 2022, САД најавува оружјем, пакет вреден 200 милиони долари за Украина;
- Демократијата на Украина е тешка да се пронајде деновиве. Украинската влада (поточно Зеленски) својот главен политички ривал, го стави во затвор, постојано врши рации во православни цркви, го уапси и Гонзало Лира, ги суспендира изборите во 2024, иако Американската влада тврди дека секој кој што е против испраќање финансиска помош до Украина е против демократија;
- Воените гробишта се шират, војниците не го знаат планот на Зеленски, се изгледа како “истребување на сопственото население”;
- Вистинските победници на Украинската прокси војна се директорите на Lockheed Martin, Raytheon, WestExec Advisors, Albright Stonebridge Group (и сите политичари вмешани во овие компании). Односно, воените профитери.