Реакција на трудовиот сектор при политичката партија Левица
Вработени во Царинската управа на 16-ти Јуни, за време на паузата, организираа предупредувачки протест барајќи зголемување на платата за 30 проценти.Во наредниот период, ако не се дојде до решение се најавува и генерален штрајк на ниво на синдикат.
Во целата ситуација, симптоматична е реакцијата на актуелниот директор на Царина. Во изјавата која ја даде директорот Богоев, “акцентот” е ставен на веќе “добро познатото” ЌЕ разговараме како што досега е направено, бидејќи и досега се направени работи во поглед на работничките права и условите за работа. Во координација со Управата за јавни приходи, која има сличен проблем, ЌЕ разговараме со Министерството за финансии“, изјави директорот на Царина, Богоев.
Кога во една држава се доведува во прашање платата на “цариникот”, во таков случај вработениот е жртва на нефункционалниот систем.Тоа се битни “карики” кои мораат да се променат, за да може целиот систем да зачекори напред, кон светла иднина и подобро “утре” .
ЛЕВИЦА дава целосна поддршка на работниците кои не сакаат да работат за такви ниски плати кога потрошувачката кошничка е енормно зголемена