Левица вечерва во Битола организира народен собир на кој говорници ќе бидат, Димитар Апасиев, претседателот на партијата, потоа Билјана Ванковска, кандидатката за претседател од Левица и Јована Мојсоска, носителка на кандидатската листа за пратеници во петтата изборна единица.

Народниот собир ќе се одржи во народниот театар со почеток од 19:30 часот.

Инаку на листата на Левица за оваа изборна едници се наоѓаат и кандидатите за пратеници Горан Велевски и Гаврил Трајковски и двајцата актуелни советници во Советот на општина Битола.